Полицијата од Гази Баба го пронајде украдениот коњ од 50.000 евра
Објавено во: Македонија 09 Април, 2021
Полициските службеници од Гази Баба го пронајдоа украдениот арапски коњ чија вредност се проценува до 50.000 евра и беше украден во средата навечер за време на полицискиот час и му го вратија на сопственикот.
Професионално тренираниот коњ бил украден во центарот во одделението за тренирање на полициски животни во Хиподром.
Претходно некои медиуми објавија дека украденото животно е на МВР, но оттаму ја демантираа информацијата.
Коњот кој се чувал во Хиподром е украден од непознат сторител.