Полицијата опколи маж кој се заканува дека ќе убива луѓе
Објавено во: Свет 19 Март, 2019
Човек со оружје во Лондон се заканува дека ќе убива луѓе.
Полицијата преговара со него. На местото на настанот е распоредена вооружена полиција, како и тимови на Брза помош и Противпожарна бригада.
„Полицијата е повикана утрово од страна на човек кој изјави дека планира да убива луѓе. Човекот е во автомобил и кога му пришле полицајците, им кажал дека е вооружен. Службите се обидуваат мирно да ја решат ситуацијата“, соопшти лондонската полиција.
Минатата недела во Нов Зеланд имаше напад во две џамии, при што загинаа 50 луѓе, а 30 беа повредени. По ова, водачот на организацијата Исламска држава ги повика екстремистите и следбениците да се „одмаздат“. Еден од водачите на терористите Абу Хасан ал Мухајир, наводно го објави повикот на следбениците во 44-минутна аудио снимка, пренесе Daily mail.