Полицијата трага по него - ова е напаѓачот на Милевски
Објавено во: Македонија 02 Април, 2018 18:02
Полицијата објави фотографија од лицето кое го бара за нападот на пратеникот Горан Милевски.
„Во врска со кривично – правниот настан од 25.03.2018 година случен на плоштад ,,Македонија,, при што физички беше нападнат Г.М – пратеник во Собранието на Република Македонија, по извршена консултација со Јавен обвинител, а врз основ на член 561 став 1 и член 563 став 2 од Законот за кривична постапка на Република Македонија, се врши јавна објава на фотографија за едно лице кое што е важно за постапката“- информираа од МВР.
Министерството ги повикува сите граѓани кои имаат било какви сознанија за лицето, веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата ,,Пријави сомнително лице“ на официјалниот сајт на МВР или да пријават во Јавно обвинителство.
Инаку, Милевски кажа дека лицето го удрило и побегнало, а самиот пратеник смета дека причина е гласањето на Законот за јазици. Тој побара да се расчисти случајот затоа што како што тогаш рече не е во ред да се напаѓаат пратеници зад кои стојат гласачи и се избрани од народот.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




