05 Мај, 2024
0.0247

ПОЛОВИНА ГОДИНА ПО ПОПЛАВИТЕ: Живот далеку од нормален!

Објавено во: Економија 07 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Шест месеци по поплавите во скопско Стајковци и Сингелиќ, дел од граѓаните сеуште живеат во агонија. Велат ова е најдолгата и најстудена зима бидејќи  во нивните домови нема елементарни услови за да го   вратат животот во нормала. Во куќата на Џемаил Гаши  во населбата  Сингелиќ трагите од кал сведочат за страотната поплава, која вели му го уништила практично целиот дом, од ѕидовите до покуќнината.

“Глетката е сеуште страшна. Неможев да стигнам со санирање на штетите бидејќи фати зима, а скоро два месеци ја испумпувавме водата. Сега сеуште има дебел слој на кал кој неможе да се исчисти лесно. Целиот мебел беше уништен. Поплавата практично не остави на нула.Нема услови за живот”-раскажува Гаши.

Висината на сумата од проценката на направената штета била уште еден шок за неговото семејство. Проценителите утврдиле дека таа изнесува  2000 евра. Со овие пари Џемаил  успеал да ги санира надворешните ѕидови и влезот кои биле први на удар на водената стихија. За друго, како што вели нема пари.

“Оваа зима има многу снег. Тој натежнува на кровот кој полека попушта. Само за санација на кровот ми бараат  5 000 евра. Патосот уште толку, каде е санација на внатрешните ѕидови, кошулица, мебел. Јас со тие пари неможам да направам ништо. Добивме малку пари од Црвен крст, овие пари  од отштетата и машина за перење и шпорет од донација. Друго ништо”- вели Гаши.

Тој и неговото семејство неколку месеци  живеат стотина метри подолу  од неговата улица во куќата на неговиот братучед кој е на печалба во странство. Но на пролет вели ќе мора да си заминат бидејќи братучедот и семејството ќе си дојдат дома  и сакаат да  реновираат. Состојбата на семејството Гаши е уште потешка поради фактот што само Џемал работи. Неговите двајца синови и сопругата се невработени, па сите чекаат од една браварска плата. А, таа објаснува Гаши,  до никаде не стигнува.

“Сите чекаме на една плата. Неможе со едно примање да се реновира дома и да се истурка месецот. Се што сме штеделе, се што сме закуќиле ни се уништи. Поплавата однесе се што печалевме со години. Сме крателе од децата да се направи куќата, а сега немам да ја поправам. Уште неможе да се расчисти сметот. Влага и миризба има насекаде. Чекам да затопли времето па да почнам да средувам. Тешко ми е да ја гледам така, но нема што да се прави”-објаснува жителот на Сингелиќ.

Слична мака делат и неговите соседи од соседното село Страчинци. Тие пак се жалат дека немаат земено пари  за отштета на земјоделските посеви, а  онаа помош што ја зеле не е ни оддалеку реална за штетите кои ги претрпеле. Па така многумина од нив  ја пропуштиле есенската сеидба, а за голем дел од нив знак прашалник е дали и како ќе се снајдат за пролетната.

“Ние сме земјоделски регион. Садиме раноградинарски култури, жито. Поплавата го уништи родот, го загади земјиштето и не остави гладни. Ние зависиме од нивата, ама надлежните не разбираат дека сумите кои ги напишале по нивната проценка се многу мали и неможат да покријат толкава штета што е направена. Сега ни требаат уште две три години да се стабилизираме, па да може да се вратиме на земјоделската дејност”-раскажува жител на село Страчинци.

Неизвесна е судбината на уште стотина жители од најпогодените региони од поплавите кои со месеци живеат во двата прифатни центри,”Сенич” и “Партение Зографски”. Велат дека во  нивните домови сеуште неможе да се живее, а немаат ниту  пари за да ги поправат.  Министерството за труд и социјална политика  им даде уште четири дена  за да ги напуштат привремените домови со образложение дека  биле посетени одпроценителите од  Бирото за судски вештачења и имаат добиено соодветен паричен надомест од државата со што ќе можат да го вратат својот живот во нормала.

“Ние сме ни ваму ни таму. Домовите ни се практично уништени,немаме покуќнина. Се однесе поплавата. Мувла, влага, кал, смрдеа-ете така изгледа во нашите домови, а сега уште ни велат да си одиме. Стравувамеод болести, има и деца. Па зарем некој сака да живее надвор од својот дом под туѓи кровови, ама кога нема што да правиме. Нека ни обезбедат барем основни услови. Без пари што се поправа”- вели Фатмир Гаши.

 И уште стотина лица од најпогодените места од поплавите во август годинава велат дека нема да ги напуштат прифатилиштата се додека не им се најде соодветно сместување. Децидни се дека во нивните домови нема услови за нормален живот и дека ќе се вратат во оној момент кога тие ќе се создадат. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?