ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗАЕМ ОД ММФ ЗА МАКЕДОНИЈА - Фондот даде зелено светло за ПЛЛ аранжманот од 530 милиони евра
Објавено во: Финансии 10 Октомври, 2022 15:43
Земјава ќе земе заем од ММФ на сума од над половина милијарди евра, кои ќе бидат наменети за справување со енергетската криза во земјава.
Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд имено, дала зелено светло за доделување 530 милиони евра на земјава преку Кредитната линија за претпазливост (The Precautionary and Liquidity Line - PLL) во рок од 24 месеци.
Од Министерството за финансии велат дека ова било големо признание за економските политики кои се спроведуваат во земјава, бидејќи Фондот овој финансиски инструмент го наменува само за земји со здрави економски фундаменти и со здрави политики.
„По финално одобрување на овој инструмент од страна на Бордот на ММФ, кое се очекува подоцна во текот на овој месец, на нашата земја веднаш ќе и бидат ставени на располагање 110 милиони евра за финансирање на буџетските потреби и за полесно соочување со шоковите кои ги донесе енергетската и ценовната криза. Самата намена на инструментот е да пружи ликвидносна поддршка на здрави економии во време на шокови и кризи, каква што е тековната глобална ситуација.
Во изјавата на мисијата на ММФ се дава признание и на заложбите на Владата за понатамошно спроведување на фискалната консолидација, како и реформите во јавните финансии, пред се новиот Закон за буџети и фискалните правила кои ќе придонесат во оваа насока.
Пристапот до овој финансиски инструмент, испраќа силни сигнали од страна на ММФ за домашната економија на меѓународните пазари и инвеститори. Имено при одобрувањето, покрај позитивната оцена за економијата од последната мисија на Фондот во земјава, ММФ ги оценува и фискалната политика, монетарната политика, стабилноста и супервизијата на финансискиот сектор и соодветноста на податоците. Оваа линија значи доверба во економијата и политиките кои се спроведуваат во земјата“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




