26 Април, 2024
0.0326

Половина милион луѓе штрајкуваат, а 500 лица се уапсени во Турција

Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Плоштадот Таксим и паркот Гези во Истамбул се под целосна опсада на полицијата и не се дозволени да поминат ниту луѓе,ниту возила, јавија светските медиуми. Полицијата ги блокирала сите патни правци во центарот на Истанбул, околу плоштадот Таксим и соседниот парк Гези, кој во изминатите денови беше окупиран од учесниците на протестите. Над 500 илјади вработени во јавниот и производствениот сектор во Турција започнаа генерален штрајк против владата, во знак на протест против активностите на полицијата при задушувањето на протестите за паркот Гези. Полицијата ги предупредила демонстрантите од главните турски синдикати да ја сопрат блокадата на главната авенија во Анкара или ќе интервенира со водени топови. Турската полиција уапсила околу 500 лица во Истанбул и Анкара, поради судирите на полицијата и демонстрантите, кои повеќе од две недели протестираат против Владата. Турскиот министер за внатрешни работи, Муамер Ѓулер изјави дека дел од полицијата ќе продолжи да учествува во задушувањето на антивладините демонстрации, посочувајќи дека штрајкот е незаконски. За време на полициската акција уапсени се 441 лице во Истанбул поради поврзаност со вчерашните судири и 56 демонстранти во Анкара кои се поврзуваат со антивладините протести во изминатите денови. Италијанскиот фотограф Даниел Стефанини е ранет во Истанбул во текот на синоќешните судири на демонстрантите и полицијата, а подоцна бил уапсен, соопштила италијанската амбасада во Турција. Дваесет и осумгодишниот Стефанинин бил ранет во округот Бајрампаша, а еден адвокат му помогнал и го префрлил во локалната болница, каде подоцна турската полиција го уапсила. Од Здружението„Солидарност за Таксим“ најавија дека ќе продолжат со антивладините протести кои ќе траат се додека полицијата не ги запре нападите против нив.    

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице