08 Мај, 2024
0.0242

Полска е се поблиску до загубата на правото на глас во ЕУ

Објавено во: Свет 26 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Проблемите меѓу Европската комисија (ЕК) и Полска се продлабочуваат. Во средината на јуни ЕК започна правна постапка против Полска, Унгарија и Чешка, бидејќи трите држави одбиваат да прифатат бегалци. Во средата, пак, заменик-претседателот на Комисијата Франс Тимерманс, цитиран од EUObserver, објави дека ЕК е подготвена да преземе нови мерки против Варшава. Причината овој пат се спорните закони за реформа на полското судство, кои според критичарите ќе ја поткопаат независноста на судството во земјата и поделбата на власта.

По масовните протести полскиот претседател Дуда во понеделникот изјави дека ќе стави вето на два од трите закони, кои предвидуваат отпуштање на членови на Врховниот суд и зајакнување на овластувањата на парламентот во однос на Националниот совет на судството. Во рок од два месеци се очекува Дуда да предложи нови закон-проекти. Парламентот во Варшава може да го поништи неговото вето, но за тоа ќе мора поголемо мнозинство од владејачката партија "Право и правда".

Во вторникот, меѓутоа државниот шеф на Полска го потпиша третиот закон со кој ќе му овозможи на министерот за правда да ги отпушта претседателите на Пониските судови.

ЕК се очекува да ја објави третата листа со препораки за правните реформи на Полска во рамките на дијалогот помеѓу Комисијата и Варшава за владеењето на правото. Полска ги игнорира претходните два листа со препораки, опишувајќи ги како политичка интервенција. Постои веројатност овојпат ЕК да одреди краен рок, после кој, ако полската Влада не ги исполни препораките може да биде активиран Член 7 од Договорот за Европската унија.

Според наведениот член ЕК може да поднесе предлог во Европскиот совет, кој по обезбедување на мнозинство од четири петтини од своите членови и добивање на одобрување од страна на Европскиот парламент (ЕП), може да констатира присуство на очигледен ризик од тешко нарушување од страна на одредена земја членка на вредностите на Европската унија (ЕУ). Ако биде констатиран таков ризик, Советот може со квалификувано мнозинство да донесе одлука за запирање на некои права што произлегуваат од примената на Договорите во однос на засегнатата земја-членка, вклучително и на правото на глас на претставникот на владата на таа земја-членка во Советот .

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ГИ ИЗГУБИЈА СЕМЕЈСТВАТА: Нема безбедно засолниште во Рафа за 600.000 деца

ГИ ИЗГУБИЈА СЕМЕЈСТВАТА: Нема безбедно засолниште во Рафа за 600.000 деца

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НЕГО: Руски затвореник што се борел во Украина си убил шест соборци

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НЕГО: Руски затвореник што се борел во Украина си убил шест соборци

НА 15 КИЛОМЕТРИ ОД РАФА: „Никнува“ нов град во Египет

НА 15 КИЛОМЕТРИ ОД РАФА: „Никнува“ нов град во Египет

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

(ВИДЕО) ОВА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ „ПОДАРОК“ ЗА ПУТИН ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Украина уапси руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

(ВИДЕО) ОВА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ „ПОДАРОК“ ЗА ПУТИН ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Украина уапси руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ ДЕЛИ ОТКАЗИ ПРЕКУ СМС - работници на Тесла викендов останаа без работа, компанијата е турната до ѕид

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ ДЕЛИ ОТКАЗИ ПРЕКУ СМС - работници на Тесла викендов останаа без работа, компанијата е турната до ѕид