Полски амбасадор: Русија граба територии и деца, ако Украина не се одбрани, Полска ќе мора да влезе во војната
Објавено во: Свет 20 Март, 2023
Ако Украина не успее да се одбрани, Полска ќе мора да влезе во војната, вели Јан Емерик Рошцишевски, полскиот амбасадор во Франција. Ова го изјави во интервју за француската телевизија ЛЦИ дека би можело да дојде до ситуација во која Полска би морала да се вклучи во војната.
„Не вршат НАТО, Полска или Словачка сè поголем притисок, туку Русија која изврши инвазија на Украина. Русија која граба територии. Русија која убива народ. И Русија која граба украински деца“, кажа тој.
„Со внимателно слушање на целиот разговор станува јасно дека нема најава за директно вклучување на Полска во конфликтот, само предупредување на последиците кои украинскиот пораз би можел да ги има: можност од руски напад или вмешување на повеќе европски земји – балтичките држави и Полска“, наведуваат од амбасадата.
Амбасадата истакна дека Рошцишевски во своето интервју за ЛЦИ јасно дава до знаење дека Полска во моментов не е во војна, но „прави сè што може за да ѝ помогне на Украина и да се заштити“ во војната.
Полска донираше оружје, но и прими голем број бегалци од Украина. Има многу снимки на кои се гледа дека полски волонтери го ризикуваат својот живот за да спасат ранети украински војници.foto EPA