Полскиот јазик да се изучува во Велика Британија за најголемото малцинство
Објавено во: Свет 29 Ноември, 2016
Полската премиерка Беата Жидло побара Велика Британија да го воведе полскиот јазик во училиштата бидејќи полјаците се меѓу најброното малцинство, а има огромен број на деца и млади кои посетуваат настава, а имаат полски родители. Ова право треба да им биде гарантирано бидејќи потребно е да се зацврстат односите меѓу Полска и Велика Британија.
Засега британската премиерка Тереса Меј, ниту пак од Даунинг стрит 10 нема коментар за барањата на Полска. Велика Британија, пак вети дека ќе распореди 150 војници на пограничната област со Русија во Калининград со цел да се спречи можна агресија и активирање на сепаратистичките парамилитарни организации.