20 Декември, 2025
0.1175

Пониски прогнозите од страна на ММФ за глобалната економија

Објавено во: Свет 17 Април, 2013 11:29

Добивај вести на Viber

Меѓународниот монетарен фонд ги намали прогнозите за раст на глобалната економија во 2013 година, предвидувајќи дека буџетските намалувања ќе го забават растот на американската економија и дека еврозоната ќе остане во рецесија. Оваа меѓународна органзација ги намалила прогнозите за глобален раст на 3,3 отсто за 2013 година, што е под јануарската прогноза од 3,5 отсто, се наведува во најновиот извештај на ММФ под името „Перспективите на светската економија“, објавен пред пролетното заседание на ММФ и Светска банка во Вашингтон на крајот на оваа недела. Американската економија, според прогнозите на ММФ, што е под јануарските проценки за раст од 2,1 отсто и под минатогодишниот раст од 2,2 отсто. ММФ сепак вели дека американската економија покажува знаци на закрепнување и дека би требало да зајакне за три отсто во 2014 година, бидејќи американскиот пазар на работна сила и на недвижнини бележи напредок, а банките одобруваат повеќе кредити. Според прогнозите на ММФ, еврозоната ќе потоне за 0,3 отсто во 2013 година, а во 2014 година ќе оствари благ раст од 1,1 отсто. Земјите во развој би требало во наредните две години да остварат најголем раст, според кој Кина оваа година би требало да зајакне за осум отсто, а во 2014 година за 8,2 отсто, додека Индија би требало да оствари раст од 5,7 отсто во 2013 и 6,2 отсто во 2014 година. Растот на земјите во развој би требало да ја неутрализира лошата година во Европа, бидејќи 17-те членки на еврозоната, очекуваат забавување оваа година, со оглед на чекорите кои ги презеле владите на земјите од еврозоната заради намалување на дефицитот

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот