Поради Брегзит туристите во Лондон трошат вртоглаво
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2016
Странците кои пристигнуваат во британската престолнина, Лондон трошат вртоглаво, за да имаат корист од нискиот курс на фунтата, пишува Франс прес.
Лондонската туристичка служба го брани имиџот на „отворен Лондон".
„Проценуваат дека во последните четири месеци за Европејците било со скоро 12% поевтино да купуваат тука. Немаше подобар период за патување до Лондон"- вели Крис Готлиб, директор на Visit London. Одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ ја потопи економијата на земјата во неизвесност. Британската фунта се распадна, за да достигне 1,17 евра за една фунта во однос на 1,30 евра за една фунта пред референдумот на 23 јуни , и до 1,25 долари за една фунта во однос на 1,49 долари. Резултатот е дека Лондон веќе е град каде луксузните производи имаат најевтини цени во светот. Меѓу туристите има голем број Американци кои во Лондон одат на шопинг.