19 Мај, 2024
0.0315

Поради продолжување на рокот за аплицирање по ИПАРД 2014-2020 продолжуваат и Инфо деновите

Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Телото за управување со ИПАРД ја продолжува Кампањата за публицитет на Програмата со нови инфо денови во согласност со продолжувањето на рокот за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД 2014-2020 Програмата од страна на  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Сите заинтересирани, наместо на 18. ноември апликациите ќе може да ги доставуваат до 3. декември 2019 година.

На овие Инфо денови претставници од Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираат заинтересираните за сите детали поврзани со ИПАРД 2014-2020, особено за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ и за мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува точно 16.569.471,00 евра или во денарска противвредност 1.018.926.365,00 денари.

Телото за управување со ИПАРД организира дополнителни инфо денови на следниве места и датуми:

·  18 ноември 2019 (понеделник) Карбинци од 11.00 часот во Салата на општината  

·  18 ноември 2019 (понеделник) Василево од 15.00 часотво Салата за совет на општината

·  19 ноември 2019 (вторник) Новаци од 11.00 часот во општинската сала

·  19 ноември 2019 (вторник) Долнени од 15.00 часот во општинската сала

·  22 ноември 2019 (петок) Бутел од 10.00 часотво Сала за состаноци на општина Бутел  

·  22 ноември 2019 (петок) Јегуновце од 14.00 часот во Салата за состаноци на општината

Дополнителни информации и детали, заинтересираните лица може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развоји Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата