29 Април, 2024
0.0292

Поради тензиите на Блискиот Исток дел кумановци од Ирак ќе се вратат дома?

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Тензиите на Блискиот Исток, ќе принудат дел од кумановците кои се вработени преку американски компании како логистика во базите, да се вратат дома.

Ова го тврдат наши соговорници кои имаат пријатели и роднини на работа во Ирак. Велат дека некои од нив ќе се вратат дома, дел ќе останат затоа што сметаат дека се безбедни, а има и такви кои за празниците си дошле дома, и нема да заминат за Ирак.

„Мој пријател, човек во години, си доаѓа за брзо и нема да оди назад во Ирак. Едноставно може да даде отказ по мејл, иако тоа ќе биде тежок чекор, затоа што со тоа ќе си ги скрати шансите за повторно заминување во Ирак во иднина. Се зборува дека има група на кумановци која ќе се врати од Ирак баш поради најновите случувања. Друга моја пријателка, сега е тука поради празниците, Нова година и Божиќ, но сепак ќе се врати назад на работа, затоа што не се плаши, и смета дека состојбата за брзо ќе се среди. Некои можеби не се свесни каква опасност има и што може да се случи“, вели нашата соговорничка од Куманово.

Многу од работниците кои се на работа во Ирак, не сакаат да коментираат каква е атмосферата, затоа што се плашат дека ќе ја изгубат работата.

„Некој по свој избор ќе се врати дома, едноставно мил им е животот, а некој ќе остане затоа што сепак имаат високи плати од неколку илјади долари“, додава нашата соговорничка.

Додава дека нејзини блиски биле сведоци на нападите на базите кои се случија, при што како што раскажале уништени биле кујните и просториите каде што работниците спијат. Опишале дека нападите биле страшни, и дека не сите бази имале бункери каде работниците можат да се засолнат. По нападите, со часови останале надвор. 

Во базите Аин ал Асад и Ербил се претпоставува дека во моментот се наоѓаат повеќе десетици македонски граѓани кои работат во американската компанија КБР, која обезбедува цивилна логистичка поддршка на армијата на САД.

До нападите на воените бази дојде откако претходно САД со дрон го убија иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Четворици ирачки војници вчера се повредени во напад врз ирачката воздухопловна база Балад, во која се сместени американски сили. 

Иранскиот претседател Хасан Рохани во текот на телефонскиот разговор со премиерот на Шведска, Стефан Левен, ги обвинил САД за неодамнешните настани на Блискиот Исток. 

Лидерот на либанската милитантна група Хезболах, Хасан Назралах, изјави дека иранскиот напад врз две воени бази во Ирак е само почеток на одмаздата кон САД за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево