20 Декември, 2025
0.1207

ПОРАКА НА ЕРДОГАН КОН СВЕТОТ ПОСЛЕ ПОБЕДАТА: Почитувајте ги резултатите од изборите во Турција!

Објавено во: Балкан 02 Ноември, 2015 10:33

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Таип Ердоган денес го повика цел свет да ги почитува резултатите од парламентарните избори во таа земја, на кои партијата на правдата и развојот која тој ја основа, освои близу 50 одсто гласови. Обраќајки им се на новинарите после молитвата во џамијата во Истанбул, Ердоган рекол дека Турците на 1 Ноември гласале за стабилност после неуспехот на преговори за коалиција, после гласањето во јуни.

49,3% од турските гласачи ја поддржале владејачката Партијата на правдата и развојот (АКП). Ова го покажуваат податоците на турската централна изборна комисија, на обработени речиси 100% од гласовите еден час по полноќ.

Вчера во Турција се одржаа предвремени парламентарни избори.

Партијата АКП добива 316 места во парламентот, што и дава можност да состави влада. Потребниот минимум за ова е 276 места. АКП успеа да го зголеми нивниот резултат за цели 8,4%. Повеќето од анкетите прогнозираа не поголем раст од 4% на поддршката за пратеничката формација.

Предвремените избори се наметнаа откако на 7 јуни Партијата на правдата и развојот на претседателот Реџеп Ердоган го изгуби мнозинството, а преговорите за формирање на коалиција пропаднаа.

Опозициската Републиканска народна партија доби 25,4% од гласовите - на изборите во јуни - 24,9%. Истовремено поддршката за Партијата за националистичка акција, исто така падна и сега имаат 12% - наспроти 16,2% во јуни.

Прокурдската Народна демократска партија ја совлада за малку турската изборна бариера од 10 проценти и добива 10,6%. На изборите на 7 јуни за неа гласаа 13% од гласачите.

Претседателска република?

Партијата на правдата и развојот на претседателот Реџеп Ердоган синоќа ја издвои најтешката победа откако е на власт од 2002 година наваму. Во следните 4 години пак АКП ќе управува самостојно, но сепак за евентуална промена на уставот, каква е целта на претседателот Ердоган, ќе треба да побара консензус од другите политички партии.

Партискиот лидер и премиер Ахмед Давутоглу ги прогласи изборите за „победа на народот и демократијата“ и повика на започнување на работа за подготовка на новиот устав на земјата, која најверојатно ќе ја претвори во претседателска република, што беше желба на претседателот Реџеп Ердоган.

erdogan 6

Турските гласачи се покажаа „во полза на единството и интегритетот“ на Турција, изјавил во неделата претседателот Реџеп Ердоган.

„Нашиот народ јасно се изрази на изборите на 1 ноември дека претпочита за служењето и проектите пред споровите“, изјавил Ердоган. Тоа е неговата прва реакција на резултатите од изборите. Гласачите „дадоа доказ за силната волја во корист на единството и интегритетот“ на Турција, додал Ердоган.

Следните парламентарни избори во Турција се во 2019 година.

Пазари

Турската лира поскапе за 5,4% во однос на доларот по убедливата победа вчера на Партија на правдата и развојот (АКП), информира „Bloomberg“.

На „Forex“ пазарите лирата е цитирана за 2,7579 фунти. Тоа е највисокиот раст на турската лира во однос на доларот од 2008 година наваму.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација