Поранешен генерал на НАТО стана претседател на Чешка

Објавено во: Свет 28 Јануари, 2023
Петр Павел, поранешен генерал на НАТО, ќе стане следниот претседател на Чешка откако го победи својот противник, милијардерот и поранешен премиер Андреј Бабиш.
По пребројувањето на повеќе од 90 отсто од гласовите, Павел обезбеди 57 отсто наспроти 43 што ги освои Бабиш.
Актуелниот чешки премиер Петр Фиала му честитал на поранешниот генерал, кој ги поддржува Украинците во борбата против Русија, пренесува Politico.
61-годишниот иден претседател се кандидираше како независен политички кандидат и вети дека ќе ја намали поларизацијата во источноевропската земја.
Додека поголемиот дел од политичката моќ му припаѓа на чешкиот премиер, Павел беше гласен поддржувач на поблиски врски со Европската унија, вклучувајќи го и усвојувањето на еврото како официјална валута во Чешката Република.
Пред да се кандидира за претседател, Павел беше началник на Генералштабот на чешката армија меѓу 2012 и 2015 година, а потоа беше претседател на воениот комитет на НАТО од 2015 до 2018 година.
Можеби ќе ве интересира
СРЕДБАТА МЕЃУ ПУТИН И КСИ ПОВАЖНА ОТКОЛКУ ШТО ИЗГЛЕДА - внимателно ќе се разгледа кинескиот план за мир во Украина

ПОГЛЕДНЕТЕ МУ ЈА РАКАТА, ПУТИН МОЖЕБИ ПРАТИЛ ДВОЈНИК ВО МАРИУПОЛ - еве што забележа професор од Оксфорд

Која европска земја не сака да прати оружје во Украина?

Израелски министер од Париз порача дека Палестинците не постојат

Полски амбасадор: Русија граба територии и деца, ако Украина не се одбрани, Полска ќе мора да влезе во војната

„ОВА Е ЛАГА, ОВА Е САМО ШОУ“: При посетата на Мариупол, Путин „слушна“ и забелешки (ВИДЕО)
ЌЕ ДОБИЕ ЛИ РУСИЈА ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА: Кси Џинпинг во посета

ЈА ИМА ЛИ МАКЕДОНИЈА НА ЛИСТАТА НАЈСРЕЌНИ ЗЕМЈИ? Еве што вели овогодинешниот извештај и кои се најсреќните земји за живеење
