18 Мај, 2024
0.0308

Поранешниот градоначалник на Ново Село беше мој многу добар пријател, но одлежа и затвор, бидејќи го фатија со цигари во планина, откри премиерот Заев

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Во синоќешното гостување на Канал 5 телевизија, на емисијата „Само интервју“ премиерот Зоран Заев, зборувајќи за судството и за тоа дека за време на претходното владеење на СДСМ одговарале и нивни функционери, откри и еден интересен детал, дека поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, бил негов добар пријател, но како што рече, бил фатен со цигари, поради што одлежал и затвор. 

Имено, на прашањето на новинарот што ќе биде со случаите како што се Дака, Дончев и Рашковски, Заев рече дека сите овие се голи популистички предмети, о никој за нив не приложи докази. 

„Ниту обвинителство, ниту било кој. И сепак за нив Обвинителството јавно објави дека отвори предистрага. И ако нема докази ... А ако има докази, јас да сум, еве директно и отворено кажувам, до крај ќе се оди. Кој и да е, не Ден Дончев, не Рашковски, не Дака. 

Во такви околности, треба да знаеме дека има функционери од СДСМ кои и затвор одлежаа. Градоначалникот на Ново Село, многу добар мој пријател, од таму сме од Струмичкиот крај...

Го фатија жив во планината со цигарите, но кој го фати. Министерството за внатрешни работи предводено од Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ. Осудени се и луѓе од ДУИ и многу други функционери. Многу се во постапки, со обвинителни акти, пред судови, со се“, рече Заев. 

Како што тогаш јавија медиумите, поранешниот градоначалник на Општина Ново Село, Боро Стојчев, во јули 2018 година беше уапсен за шверц на цигари. Според соопштението на СВР Струмица, тој бил приведен заедно со неговите сопруга и син и со уште едно лице, а при акцијата полициски службеници испукале два предупредувачки куршуми, поради обид за бегство.

Потоа Стојчев беше осуден на шест месеци затвор, од каде поднесе и неотповиклива оставка, поради морални причини.

Инаку, според Заев, сите закои за правосудството се донесени. 

„Сите закони се донесени, сега е времето на реализација. Очекувам сите птретседатели на судовите да си направат убав план и организација на работааваат и да не застаруваат роковите. Тоа е работа на претседателите на судовите. Можат да работат со позачестени рокови, да не застаруваат предметите. Законот за судски совет ги дава сите можни алатки на прочистување на правосудството во делот на ефикасноста и правичноста. Ќе види колку пати паѓал еден предмет, и ако паѓал пет-шест пати - ајдеее, судијата што? Апла е внатре што се случува. Или во самите предмети, каде што има огромен бропј подавки, жалби, само треба да изанализираат и ќе видат кои се тоа бандити во судството или во обвинителството, фигуративно кажано. Затоа што огромниот број на судии сакаат чесно да работат. И никој не ги обвинува сите судии. Но кога ќе ги прочистат тие кои што не работат како што треба, тогаш ќе биде добро“, рече премиерот.

На прашањето, пак, кога ќе биде тоа, бидејќи се најавуваше во првите сто дена откако ќе се формира Владата, Заев со одговор.

„Според мене, тешко е политичар да дава коментари за правосудството. За да не биде претставен дека се меша во правосудството. Немам никаква намера да го правам тоа. Не сум ни помислил на тоа, и на секој функционер сум му кажал, ќе ја изгубиш функцијата ако ти падне на памет да ѕвониш на судија, да влијаеш или било што друго. Но ние мора да коментираме на јавно. За мене пропчистување на правосудството е одлуката за Јово Вангеловски, за Гордана Гешковска, за Панчевски, за некои други судии за кои се отворија процеси. И тоа е прочистување на судството, но не е доволно. Треба да влезат внатре и да ги кажат аргументациите. 

Судскиот совет и советот на јавни обвинители ги имаат алатките да направат прочистување на сусдтвото. 

Антикорупциската комисија заедно со УЈП и Финансова полиција имаат право да бараат потекло на парите, имотот и капиталот, тоа очекуваме да се случи. Затоа не велиме ветинг, туку прочистување. Со сите тие проверки, низ постојните закони, ако ги извадат на површина и ги прочостат тие кои не работат како што треба, ќе биде добро и ќе останат оние што се чесни да можат професионално да си ја работат работата“, нагласи Заев.

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање