ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА ДРЖАВАТА, ЗА ДАВКОВА: Таа беше ексклузивно надлежна да предложи гувернер на НБМ, а тоа му го дозволи на премиерот Мицкоски
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2025 14:21
Поранешниот претседател Стево Пендаровски смета дека претседателката Гордана Силјановска Давкова е невидлива во областите во кои треба да биде највидлива.
Ова, меѓу другото, тој го кажа во интервју за Дојче Веле.
„Надлежностите на претседателот на државата утврдени со Устав се надворешна политика, одбрана и безбедност. И ова последново, предлог за гувернер на Народна банка е дојден од владејачката партија. Тоа е јавна тајна кај нас. Меѓутоа во делот каде што вие имате ексклузивна надлежност, на пример директор на Агенција за разузнавање или заменик-директор, началник на Генералштаб итн. Сите предлози се дојдени од страната на владејачката партија. Значи практично во она во кое сте вие ексклузивно надлежни, вие имате ситуација како со гувернерот сега последниот пат да премиерот вели: Јас закажав седница во Собрание со спикерот. Не ве прашува вас, а вие сте тој кој треба тоа да го предложите“ објасни Пендаровски.
Како пример за недејствување, Пендаровски го зема фактот и што претседателката во првата година од мандатот ниту еднаш не одржала состанок на Советот за безбедност
„Замислете, со сите овие турбуленции кои се случуваат последнава година, не само Украина, туку генерално сѐ што се случува, вклучително и новата администрација во САД која го потресе целиот свет, најголемите сојузници на Америка, вие немате ниту една средба на Советот за безбедност. Значи, од кадровската политика, до практичната- конкретна политика ваша, содржина во политичкото поле, вие сте практично или следбеник на владата или избегнувате да си ги преземете и да ги вршите вашите функции според Уставот“, нагласи поранешниот шеф на државата.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




