Порано бил бездомник, а денес „прави“ милиони
Објавено во: Финансии 26 Јули, 2019
Ерик Вајт на свои 15 години станал бездомник, а денес е сопственик на "Zideco Construction", компанија која гради вистински мали плажи во дворовите на богатите.
Многу млад почнал да работи за локална градежна компанија, која му помогнала да ги врати сите долгови.
Тој бил многу амбициозен и работел во различни компании, така што научил како тие функционираат.
Потоа почнал со свој бизнис, а секоја година „прави“ милиони.
Една од плажите кои ги прави чини во просек по 40.000 долари и е прилагодена на потребите на купувачите.
Но, ова не е работа која може да се заврши за еден ден.
Вајт прави и написи за домовите кои може да бидат поплавени.