ПОСЕТА НА АКРОПОЛ ЗА 5.000 ЕВРА: Турата со водич трае два часа
Објавено во: Балкан 04 Јули, 2024 11:13
Грчкото Министерство за култура започна приватна обиколка со
водич низ античкото светилиште на Акропол по цена од 5.000 евра.
Првите туристи кои ја користеле оваа услуга биле двојка од Русија во саботата на 29 јуни, пренесува Ројтерс.
Оваа услуга ќе биде достапна од 1 април до 31 октомври, секој вторник, петок и сабота, од седум до девет наутро и од 20 до 22 часот.
Во периодот на турата се дозволени четири групи од по пет лица, а од 9 јули се достапни тури со самостојно водство, додека од август ќе се нудат тури на седум јазици.
Во меѓувреме, Централниот археолошки совет го разгледува предлогот за приватни вечерни обиколки на новоотворениот Музеј на модерната грчка култура во Монастираки, а овие тури би чинеле околу 1.000 евра и би се организирале во две групи.
фото: EPAМожеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




