04 Мај, 2024
0.0245

Поскапа ли е струјата на РЕК Битола од увозната која е платена 195 евра за мегаватчас?

Објавено во: Економија 30 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Васко Ковачевски, генералниот директор на ЕСМ кажа дека на еден ден исклучил блок на РЕК Битола. Производната цена на струјата што ја произведува тој капацитет не е повисока од 100 евра за еден мегаватчас. И додека е исклучен блокот во Битола под полн гас работи ТЕЦ Неготино чија прозводна цена е повисока од 130 евра за мегаватчас, а истовремено тој ден ЕСМ увезува струја е под цени од 159 и 195 евра за мегаватчас.

ЕСМ завчера утрото го исклучил првиот блок во термоцентралата РЕК Битола затоа што како што изјави Васко Ковачевски генералниот директор на државната производна компанија бидејќи цитираме „бидејќи имаше помала потрошувачка и со останатите производствени капацитети исполнуваме 100 отсто од потребите“.

https://faktor.mk/vasko-kovachevski-prviot-blok-od-rek-bitola-iskluchen-poradi-pomala-potroshuvachka

Тој ден од увоз ЕСМ набави 3.840 мегаватчасови електрична енергија која ја плати по цени од 159 евра за мегаватчас и 195 евра за мегаватчас. За оваа количина струја ЕСМ на трговците плати повеќе од половина милион евра. Само да потсетиме дека тој ден цената на мегаватчас струја на ХУПЕКС била 110 евра.

Истовремено со ова исклучување на првиот блок во РЕК Битола на мрежа под полн гас работи мазутарата ТЕЦ Неготино со капацитет од 180 мегавати. Производната цена на ТЕЦ Неготино во овој режим на работа не е пониска од 130 евра за мегават час. 

Заради целосно и објективно информирање на јавноста Васко Ковачевски треба јавно да одговори:

-Колкава е производната цена за еден мегаватчас на Блок 1 во РЕК Битола за 28 декември година?

-Колкава е производната цена на еден мегаватчас на ТЕЦ Неготино за 28 декември годинава?

-Зошто не избра да го запре увозот на струја по цени од 159 евра за мегаватчас и 195 евра за мегаватчас туку го исклучи Блок 1 во РЕК Битола?

-Зошто Блок 1 во РЕК Битола беше исклучен само еден ден?

-Колку чини повторното вклучување на мрежа на Блок 1 во РЕК Битола?

-Зошто за периодот од 26 до 29 декември плати 2 милиони евра струја купена од три трговски фирми иако таа на референтната берза ХУПЕКС чинеше 800.000 евра поевтино?

Овде се податоците за увозната цена што ја плаќа ЕСМ со пари од централниот буџет:

https://www.esm.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/REZULTATI-27-28.12.2022.pdf

https://www.esm.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/REZULTATI-26.12.2022-01.01.2023.pdf

Р.Ф.

foto freepik.com/chaiyapruek2520

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?