14 Декември, 2025
0.0412

ПОСКАПЕ ЛЕБОТ И ДЕЛ ОД ПЕЦИВАТА - еве кои се причините и какви се очекувањата за следниот период

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2024 16:57

Добивај вести на Viber

И покрај укажувањето и ветувањата дека цените на лебот нема да се менуваат, на пазарите веќе се продаваат најтрошените производи по цени кои се за десетина проценти поскапи. Имено, белиот и полубелиот леб на парчиња се продаваа за 29 денари, но денеска веќе цените се 33 денари. Причина за поскапувањето според упатените е зголемената цена на пченицата на светските берзи и во Србија, од каде што набавуваме најголем дел. 

- Цените на лебот одамна се одмрзнати и тоа не е причината за зголемување на цената на лебот. Причина се зголемените цени на пченицата на светските берзи. За период од месец и пол, цената на пченицата се зголеми за 20 отсто, потоа малку се намали и сега е повисока за околу 10 отсто. Се очекува дека ќе се намали цената на пченицата во текот на жетвата и дека ќе се стабилизира цената на лебот – објаснува Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Од пред два дена, и другите помали пекарници доставиле нови ценовници до трговците. Дел од малите пекарници ја зголемиле и цената на переците, кои сега чинат 40 денари, а има нови цени и на кифлите и на ѓеврекот. Засега останува иста само цената на питите и на бурекот. Тие се продаваат за цена  од 80 до 100 денари за четврт.

Пред еден месец, претседателот на Агрокомората при ССК, Горан Георгиевски, рече дека цената на лебот засега ќе биде стабилна. Но, веднаш потоа откако ја даде изјавата, цените на пченицата на светските берзи пораснаа за 20 отсто.

- Цената на лебот ќе остане иста, стабилна е. Не знаеме што ќе се случува во однос на војната во Украина и на Блискиот Исток, која директно се рефлектира на цената на нафтата, не знаеме ниту каква ќе биде жетвата во Русија и во Украина и што ќе се случува со производството на жито. Повеќе параметри влијаат на финалната цена, но во овој момент ќе има иста цена на лебот. Инаку, ние стоиме зад либералниот концепт што го заговараме, дека секогаш понудата и побарувачката треба да ја одредуваат конечната цена -  изјави тогаш Ѓорѓиевски.

Што се однесува, пак, до домашното производство, годинава се очекуваат подобри и поголеми приноси на пченицата и на јачменот. И покрај тоа што моментално сè уште официјално не се почнати откупот и жетвата, последните информации од терен покажуваат дека цените се движат од 8 до 10 денари за килограм.

Земјоделците бараат, пред почетокот на жетвата, да се направи калкулација за нова производна цена за пченицата за да не работат со загуба.

На светските берзи, пченицата го достигна својот максимум и деновиве се продаваше по цена од 27 денари за килограм.

Во земјава, во просек се произведуваат околу 250.000 тони пченица. Овие приноси не се доволни, па за да се покријат основните потреби на населението, се увезува пченица од странство.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји