ПОСКАПЕА НЕДВИЖНИНИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Колку чини квадрат во Љубљана?

Објавено во: Економија 04 Април, 2025 19:37
Просечната цена на стан во главниот град на Словенија, Љубљана лани надмина 4.500 евра за метар квадратен.
На национално ниво, цените на становите во Словенија се зголемија за десет, а на земјиштето за дури 17 отсто. Минатата година бројот на продажби на недвижности опаѓа трета година по ред на словенечкиот пазар на недвижности, додека цените продолжија да растат. Намалувањето на продажбите се препишува на прогнозите на Владата за оданочување на недвижностите. Според податоците на Геодетската управа на Република Словенија, растот на цените на станбените недвижности и земјиштето за нивна изградба минатата година не бил толку изразен како рекордната 2022 година, но сепак е релативно висок, анализира Пословни дневник.
Просечната големина на продадените куќи била 161 квадратен метар, а просечната големина на земјиштето 700 метри квадратни. Во Љубљана за куќа со приложена парцела требаше да се платат во просек по 405.000 евра. За 15 до 20 отсто во Словенија е намален бројот на продадени станови во повеќестанбени згради лани, а бројот на продажби на станбени куќи за 10 до 15 отсто, се вели во извештајот за словенечкиот пазар на недвижности за 2024 година, што Управата за геодетски работи го објави вчера на својата веб-страница. Врз основа на сè уште привремениот број на евидентирани продажби за 2024 година, се проценува дека минатата година во Словенија се продадени околу 7.000 станови во повеќестанбени згради и околу 5.000 станбени куќи, со вкупна вредност нешто помала од 1,7 милијарди евра. Според неофицијални податоци, минатата година во Словенија биле склучени 24.000 до 25.000 договори за купопродажба на недвижен имот во вкупна вредност од 2,5 до 2,6 милијарди евра.
foto Wikipedia/Rok
Можеби ќе ве интересира
ТРИ ЛИЦА ЈА „БРКААТ“ РАБОТАТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ – имаат солидни плати, но и вишоци во касата

Директорот на ТИРЗ: Царините на Трамп индиректно ќе ги погодат слободните индустриски зони

Колку заработи бизнисменот Ајри Шеј од новокупената топлана во Скопје?

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „СПРЕЧУВАЊЕ НА ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА И ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ СЕ ДВАТА ПРОЕКТА НА КОИ ЌЕ РАБОТИ КОМОРАТА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“

МИЛИЈАРДЕР БЛИЗОК НА ТРАМП: За ова не гласавме, претседателот Трамп со царините ја губи довербата на деловните лидери ширум светот

ШПЕДИТЕРОТ ГОЛЕМ АКЦИОНЕР МОЖЕБИ НЕМА ДА „ЛАПНЕ“ ГОЛЕМА ДИВИДЕНДА, АМА ЌЕ СЕ ОФАЈДИ ОД ГОЛЕМАТА ЗДЕЛКА - што ќе ѝ продаде „Фершпед“ на „Европа“ за пет милиони евра

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ СО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ ПОРАДИ ТАРИФИТЕ НА ТРАМП: Стелантис им нуди попусти на американските клиенти

НАД 50 ЗЕМЈИ БАРААТ ПРЕГОВОРИ СО САД - американската администрација тврди „нема удар за потрошувачите“

„ЌЕ ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛЕН ТАРИФЕН ПРИХОД НА ПОЧЕТОКОТ“ - еве го објаснувањето на американскиот министер за финансии Бесент (ВИДЕО)
