АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ СО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ ПОРАДИ ТАРИФИТЕ НА ТРАМП: Стелантис им нуди попусти на американските клиенти

Објавено во: Економија 07 Април, 2025 07:13
Мултинационалната компанија за производство на автомобили Stellantis, чии брендови се Alfa Romeo, Chrysler и Jeep, им нуди на американските клиенти исти попусти што концернот им ги дава на своите вработени поради новите царини воведени од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави Џоди Тинсон, директор за односи со медиумите за северноамериканскиот оддел на компанијата.
- Оваа недела лансиравме агресивна и конзистентна програма на стимулации и маркетинг поддршка за април, вклучувајќи возбудливи и конкурентни можности кои ќе им дадат на нашите клиенти „американска слобода на избор“ помеѓу цените на вработените или тековните парични стимулации - посочи Тинсон.
Стелантис ќе ги упати клиентите кај нивниот локален дилер за да ја одредат најдобрата зделка за возилото, објасни Тинсон, пренесуваат медиумите од соседството.
Како што наведе таа, оваа програма важи од 4 до 30 април.
Stellantis е мултинационална автомобилска корпорација создадена во 2021 година како резултат на спојувањето на италијанско-американскиот производител на автомобили Fiat Chrysler Automobiles (FCA) со француската компанија Groupe PSA (Peugeot Societe Anonyme).
Седиштето на компанијата се наоѓа во градот Хофдорп во Холандија. Претходно американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување „реципрочни“ давачки за увоз од други земји. Основната минимална стапка ќе биде 10 проценти, но секоја земја ќе има калибрирана тарифа што ќе биде половина од она што ќе им наплати на компаниите кои увезуваат американски стоки.
Истовремено, царината за стоки од ЕУ е 20 отсто.
Според Трамп, ова ќе стане „декларација за економска независност“ на Соединетите Американски Држави и ќе помогне „трилиони и трилиони долари“ да се искористат за отплата на националниот долг. Трамп, исто така, најави царина од 25 отсто за сите странски увезени возила од денеска.
Можеби ќе ве интересира
СКАЈТРАКС ГО СМЕСТИ МАКЕДОНСКИОТ АЕРОДРОМ МЕЃУ ПРВИТЕ ДЕСЕТ: Пред нашиот се аеродромите во Будимпешта, Софија, Белград....

КИНА НЕ ЗАПИРА: Зголемени царините за САД на 125 проценти

КОЈ ЌЕ НОСИ ПРАДА, А КОЈ ВЕРСАЧЕ? Бизнис зделка вредна 1,25 милијарди евра

ИНТЕРВЈУ СО АЛЕКСАНДАР САРЏОВСКИ, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ЕДС: Нов менаџмент, стабилност и перспективи на енергетскиот пазар

Битолски „Пелистер“ се враќа во рудниците на РЕК Битола, по долго време го доби првиот тендер

СТАНОВИТЕ СТАНУВААТ НЕИЗБЕЖНА „ИНВЕСТИЦИЈА“ – масовно се купува имот, лани свртени над 1 милијарда евра на пазарот на недвижнини

КАКОВ ПРЕСВРТ! Откритие што целосно го менува светскиот поредок во борбата за ретките метали

КИНА СЕ ПОТСМЕВА СО ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Капите „Да ја направиме Америка голема пак“ се „мејд ин Чајна“, само сега се поскапи

Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД
