Директорот на ТИРЗ: Царините на Трамп индиректно ќе ги погодат слободните индустриски зони

Објавено во: Економија 07 Април, 2025 12:20
Гоце Димовски, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски слободни зони, во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 рече дека големата царинска стапка што САД и администрацијата на претседателот Доналд Трамп и ја воведоа на Македонија индиректно ќе ги погоди странските инвеститори.
- Директен ефект ние ќе почувствуваме, но до одредена и не толку голема мера. Но индиректнито ефект ќе има кај сите извозници од Макеоднија чиј најголем дел од производите е наменет за ЕУ и таму се очекува понегативни последици по компаниите, вклучувајќи ги и компаниите од ТИРЗ-овите, но колкав ќе биде ефектот, ќе покаже времето
Сите се во ситуација на исчекување, секојдневно сум во контакт со нив, ќе мора да почекаме да видиме првата половина од 2025 како ќе помине. Согласно информациите, одма по донесената одлука на администрацијата на Трамп, се стапи во контакт со Стејт Департменот и претставници од нашата Влада се во секојдневна комуникација за изнаоѓање на решение, Премиерот Мицкоски веќе најави дека ќе има позитивни вести, рече Димовски.
Директорот на ТИРЗ откри дека ирско – американската компанија за изработка на авто делови „Аптив“ по девет години работа во „Бунарџик“, најверојатно ќе ја продаде фабриката на друга мултинационална компанија.
- Последнити информации се дека се бара купец од Аптив за друга мултинационална компанија што е заинтересирана, Аптив во 2014-2015 ја купува фабриката од друга мултиналционална компанија и тоа е нешто што постои, кажа Димовски..
Како што додаде, Аптив како странски инвеститор има договорни обврски и ќе мора да ја врати државната помош со камата доколку си замине од Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД

ГОЛЕМ ГЕРМАНСКИ БРЕНД ЗАТВОРА ДВЕ ФАБРИКИ - засегнати околу 500 вработени, дел од производството го селат во соседни земји

ТРАМП СТОПИРАШЕ, ПА ЕУ СТОПИРАШЕ: Нема царини во следните 90 дена

КОГА ДИРЕКТОРИТЕ ВЕРУВААТ ВО КОМПАНИЈАТА, А ИМА И ЗОШТО - еве со колку акции се стекнаа членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“

ЕВРОПСКИОТ УДАР СКАПО ЌЕ ГИ ЧИНИ: Еве колку ќе плаќа американската економија на европските контра-мерки

„ВАЖЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА“: Фон дер Лајен по одлуката на Трамп

Поддршка за нови енергетски проекти и зајакнување на стратешкото планирање – средба Божиновска со Клаус Милер од КфВ банка

КОЛАПС ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА: Заробени илјадници возила во американските пристаништа

ДОМАТИТЕ И КРАСТАВИЦИТЕ НОСАТ ДОБАР ЌАР, 2025 ИМ ТРГНА ОДЛИЧНО НА „ОРАНЖЕРИИ ХАМЗАЛИ“ - но, прашањето е како ќе заврши годината
