Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот
Објавено во: Економија 04 Мај, 2020
Поскапуваат бензините поевтинува дизелот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден денар за литар и ќе изнесува 50,5 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголеми за половина денар и литар од ова гориво ќе чини 52,5 денари.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намали за половина денар за литар, по што од вечера читар дизел ќе чини 42 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар и ќе изнесува 31 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,801 денари за килограм и ќе чини 16,144 денари за килограм.
Од регулаторната комисија велат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат
зголемување кај бензинот во просек за околу 8,197 проценти, кај дизелот има намалување во просек за
околу 3,342 отсто, кај екстра лесното масло има зголемување во просек за околу 2,615 проценти и кај
мазутот се регистрира намалување во просек за околу 8,932 проценти.