29 Април, 2024
0.0272

ПОСЛЕ ДОЛГИ ГОДИНИ ЧУВМЕ ГЛАС ОД БОГОВ, А ГО ИСПРОВОЦИРАЛ КОСТОВСКИ - затворањето банки се случува поради погрешните одлуки на нивните директори

Објавено во: Финансии 24 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Извештајот нарачан од некогашниот акционер и претседател на Надзорниот одбор на пропадната Еуростандард банка има сериозен проблем со кредибилитетот поради конфликт на интереси и користење на селектирани информации, вели во дописот до јавноста поранешниот гувернер на Народна банка, Димитар Богов.

Тој додава дека „токму поради дел од тие слабости и самиот автор ја искажува резервираноста за неговата употребна вредност.“

„Како поранешен гувернер во дел од периодот опфатен со извештајот, можам да кажам дека реалноста целосно го демантира истиот. Доколку состојбата навистина би била таква како што тој ја прикажува, македонскиот банкарски систем немаше да издржи неколку силни надворешни шокови во изминатите 20 години.

Тој издржа сериозни предизвици, како што беа: безбедносната криза во 2001-та, глобалната финансиска криза во 2008-та, грчката должничка криза, внатрешната политичка криза и неодамншената глобална пандемија.

Затворањето банки не е непознато нешто во светот на финансиите и тоа се случува секоја година и во развиените економии. Тоа секогаш е последица на погрешните кредитни одлуки на управните и надзорните одбори на банките, како што впрочем беше и во случајот на ЕСБ.

По закон регулаторот обично има должност да се грижи за стабилноста на банкарскиот систем, но не и за секоја индивидуална банка. И покрај сите мерки кои му стојат на располагање на регулаторот за да ги намали ризиците во работењето на банките, единствено акционерите се надлежни за управување со своите банки,“ вели Богов.

Имнаку, Богов долги години беше гувернер на Народната банка, а потоа се повлече и се воздржуваше од било какви изјави во јавноста.

Во моментов поранешниот гувернер на нашата централна банка работи во Европската банка за обнова и развој, а како што пишува на неговиот профил на Linkedin, тој е на позицијата регионален водечки економист за Источна Европа.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?