27 Април, 2024
0.0276

Потпишан е Mеморандум за соработка за бизнис без никакво ограничување

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на Стопанска комора на Македонија Бранко Азески и претседателот на Одборот на директори на “Македонија 2025“ Вера Ставров, потпишаа Меморандум за соработка со цел зацврстување на деловната комункација помеѓу македонската бизнис заедница и македонската бизнис дијаспора.

Целта е со заеднички активности на Комората и организацијата „Македонија 2025“, домашните компании да може да остваруваат подобри перформанси, што во крајна линија ќе придонесе за забрзување на растот на македонската економија и развој на македонското општество.

Меморандумот предвидува повеќе форми на соработка, во насока на

• Размена на информации и активности за олеснување на бизнис соработката помеѓу членки на Комората и странски компании, вклучително и чекори за зголемени извозно-увозни активности;
• Организација на трибини, презентации, семинари, обуки, конференции кои се од взаемен интерес а таргетираат различни целни групи;
• Трансфер на знаење преку различни форми на едукација;
• Организирање и спроведување на заеднички истражувачки проекти и взаемна размена на информации за резултатите од истражувањето;

По потпишувањето на Меморандумот, претседателот Азески истакна дека официјализирањето на соработката со “Македонија 2025“ го затвора кругот на бизнис институции на локално, регионално и меѓународно ниво кои се подршка на компаниите и ги ставаат на располагање, ресурсите, искуствата и знаењето во подигање на конкуретноста и иновативноста на домашните стопански субјекти, и им ја отвора по смело вратат на странските пазари.

Стопанството во една држава може да оставарува подобри резултати само ако економијата гради мостови и форсира бизнис активности, вели претседателот Азески. Потврда за тоа е работата на фирмите во рамки на Здруженијата, Асоцијацииите, Советот на странски инвеститори во рамки на Стопанската комора на Македонија. Членка сме на Асоцијацијата на Балкански Комори, на EUROCHAMBER, активно сме вклучени во Коморскиот инвестициски форум во рамки на Западен Балкан а сега се воспоставува и официјална соработка со “Македонија 2025“. Во таа насока претседателот Азески особено го потенцираше значењето на КИФ во рамки на регионот.

Бизнис-асоцијациите, како што е Стопанската комора на Македонија, остава неограничен простор за анимирање на сите можни пунктови што можат да креираат дополнителна вредност за своите членки. Еден таков пункт е македонската бизнис дијаспора. Врвот на оваа дијаспора е претставен преку организацијата „Македонија 2025“ која е предводена од бизнисмени со македонско потекло кои имаат најголемо влијание во глобалниот бизнис свет.

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА БИЗНИС БЕЗ НИКАКВО ОГРАНИЧУВАЊЕ

Претседателот на Одборот на директори на “Македонија 2025“ Вера Ставров, изрази благодарност за воспставената соработка со Стопанската комора на Македонија која може да биде од огромно значење за бизнисот од аспект на подршка во иновативни процеси со цел потикнување на извозните активности на компнаиите.

Потпрестедателот на Стопанската комора д-р Јелисавета Геориева-Јовевска, во поздравното обраќање пред присутните истакнати бизнисмени и преставници на научната и стручната јавност, посочи дека Македонија 2025 во Комората треба да гледа сериозен партнер и заеднички да работат на подигнување на капацитетот на извозно ориентираните компании, на потребната инфраструктура и активно вклучување на бизнисот во реформата на образовниот процес во државата.

Во рамки на  заедничката активност на Комората и Македонија 2025, беше реализирана и Дебата на тема “Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и економската интеграција на Западниот Балкан”. Обраќајќи се пред присутните, претседателот Азески истакна дека КИФ претставува најзначајна алатка произлезена од Берлинскиот процес и воедно е еден од последните европски проекти кој е функционален, со седиште во Трст, со Управен одбор составен од претседателите на 6-те Комори од Западен Балкан. Значењето на КИФ Азески го гледа во вопсотавување заеднички регионлани институции на различни нивоа кои ќе го направат регионот единствена економска област. 

За таа цел следната година Комората и Македонија 2025 ќе работат на зацврстување на соработката со цел унапредување на врските помеѓу македонската бизнис заедница и македонската бизнис дијаспора со фокус на три главни точки:

- поддршка во спроведување на процесите на дигитална трансформација, која ќе претставува и еден вид заокружување на процесот на реиндустријализација. Анализите покажуваат дека 10% раст на индексот на дигитализација значи 0.63%  раст на БДП;
- пристап до финансии за проекти од прекуграничен карактер, што би можело да се операционализира на начин што Македонија 2025 со КИФ ќе креира инвестициони фондови достапни за конзорциуми на компании од регионот;
- Македонија 2025 во соработка со КИФ да креира едукативни програми за лидерство, наменети за лидерите од регионот на Западен Балкан, како реална потреба да се одговори на современите предизвици за менаџирање, имајќи ги предвид сите надворешни и внатрешни ризици кои стојат како препреки за успешно решавање на сите нерешени прашања кои долги години го мачат бизнисот од Западен Балкан, а се поврзани со истите проблеми и состојби.

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА БИЗНИС БЕЗ НИКАКВО ОГРАНИЧУВАЊЕГенералниот секретар на КИФ Сафет Герџалиу, ја потврди тезата дека клучот за успех и економски развој на регионот е во економско обединување на земјите од Западен Балкан. Само јака економија, владеење на правото, едукација и дигитализација може да го зајакнат регионот и истиот да стане попривлечен за нови странски инвестиции.

Д-р Татјана Штерјова, директор на Дирекцијата на Здруженија и регионални комори при Стопанската комора на Македонија и координатор на активностите на КИф за нашата земја, ги претстави актуелните проектни активности на КИФ кој ќе имаат за цел понуда на конкретни пакет услуги за компаниите од регионот.

Денешните активности помеѓи Комората и Македонија 2025 се во пресрет на утрешниот 8-ми Самит Македонија 2025.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра