ПОТПИСИТЕ СОБЕРЕНИ: Карпошани ќе направат се за да го сочуваат паркот!
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2016
Соберени се доволно потписи за да се оспори изградбата на најавениот плоштад.
Како што е познато, Карпошани веќе неколку месеци се борат со градоначалникот на општината Стефчо Јакимовски кој им најавил измени во деталниот урбаниситчки план.
Како што информираат, граѓаните до Општина Карпош доставиле и барање да се поништи одлуката за изградба на плоштадот.
„Сметаме дека изградбата на овој плоштад сериозно ќе ги наруши правата на жителите загарантирани со Уставот (член 43) и начелата загарантирани со член 4 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, според кој, меѓудругото, се предвидува рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните. Бараме Општината, чија должност и обврска е да ги заштитува нашите граѓански права, да има слух за желбите и интересите на жителите и да ја поништи одлуката за изградба на непосакуваниот плоштад. На ваков начин сметаме дека ќе се спречи и непродуктивно трошење на средства, спротивно на интересот на жителите- стои во барањето на жителите на Карпош 4“.
Граѓаните најавија радикални мерки ако Општината остане глува и не им го уважи барањето.