17 Јануари, 2025
0.0411

Потписниците на договорот од Пржино да да го имплементираат Законот за „свиркачи“

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Партиите потписнички на договорот од Пржино да го имплементираат Законот за „свиркачи“ барат од Транспранси интернешенл.

Од оваа организација во ова барање се повикуваат на препораките од страна на Венецијанската комисија.

Венецијанската комисија во извештајот наведува дека усвојувањето на Законот за заштита на укажувачи беше резултат на голем политички договор, со кој се тежнееше да се постигне нормализирање на политичкиот живот во земјата во одредени околности. Меѓутоа, иако законот стапи во сила на 19 октомври 2015 година, а започна да се имплементира од 18 март 2016 година, институционалните механизми во практика се имплементираат со потешкотии.

Оттука, суштинските препораки од комисијата се однесуваат на: 

-Членот 6.1 од Законот за заштита на укажувачи кој треба да се ревидира во однос на објавување во медиуми, односно Комисијата смета дека објавувањето на информации треба да е возможно кога внатрешно/надворешно пријавување како механизми не постојат, се неефективни, или кога се забележливи ризици прикривање на злоупотреби или избегнување на одговорност од страна на виновниците. Пријавувањето  треба да се однесува на општата дефиниција за „јавен интерес“ кој е содржан во членот 2 став 4.

-Законот за заштита на укажувачи мора да наведе до кој степен и под кои услови ќе се обелодени јавниот интерес наспроти пријавувањето кое е загарантирано со заштита на укажувачот, односно, како во услови на јавност да се заштити пријавувачот против можните дисциплински постапки (и слични мерки поврзани со работното место) и против сите кривични санкции или граѓанската одговорност, како и кои се сите можните очекувања од овој закон.

ТИ-М смета дека е потребно институциите да вложат поголеми напори за имплементирање на препораките од Венецијанската Комисија, но укажува дека истите не се пречка да се започне со ефикасна имплементација на Законот. Институциите надлежни за негово спроведување да воспоставаат практики со кои на граѓаните ќе им биде обезбедено заштитено пријавување согласно законските одредби. Како граѓанска организација се залагаме за отворена дискусија за надминување на сите проблеми во имплементирање на препораките од Венецијанската комисија и во примената на Законот. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби