ПОТРАГА ЗА ТЕРОРИСТОТ: Германската полиција нуди огромна сума пари во замена за информации!
Објавено во: Свет 21 Декември, 2016
Сојузната криминалистичка служба на Германија, по налог на обвинителството, и со поддршка на покраинските полиции спроведува интензивна потрага за Анис Амри, а за информации за него е распишана и награда.
Обвинителството распишало оглас со награда до 100 000 евра за информација која би довела до апсење на осомничениот за нападот на божиќниот саем во Берлин.
По налог на Генералното обвинителство е распишана јавна потерница, во која, по прв пат се споменува и презимето на бараниот, а наведено е дека е стар 24 години и дека е роден во Тунис.
Во јавната потерница се наведува дека е распишана награда во висина до 100 000 евра за информации кои ќе ја однесат полицијата директно до апсење на Анис Амри.