03 Мај, 2024
0.0302

Потреба или популизам: Со нов закон, пензија и за тие кои немаат право

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Ја најави пролетта, а Владата сега почна да работи на реализација на мерката за пензија на лица постари од 65 години кои не оствариле право на пензиски надомест. Министерството за труд и социјална политика објави дека почнува процес за подготовка на Закон за социјална сигурност за стари лица. Се тврди дека со законот се предвидува посебно парично давање - право на социјална сигурност на старите лица.

„Со овој Предлог - Закон се уредува парично давање за социјална сигурност на старите лица, посебните услови за остварување, начинот и постапката на остварување на правото и финансирањето. Со овој пропис ќе се обезбеди: - промовирање и одржување на социјалната сигурност на старите лица, - спречување на социјалната исклученост и подобрување на квалитетот на животот - зајакнување на капацитетите на старите лица за водење независен, активен и продуктивен живот, стои во образложението.

Инаку кога ја најави, Министерсвото за труд и социјална политика објави дека износот на социјалната пензија се предвидува да изнесува околу 40 проценти од просечната пензија во Република Македонија или околу 5.000 денари.

Требаше да почне да се применува од 2020 година, а од Владата тврдеа дека нема да има многу лица кои ќе ги исполнуваат условите.

Целта беше да се опфатат и граѓани кои веќе имале период на осигурување и определен период на работен стаж во земјава, но тој стаж е под 15 години.

Дел од експертскаста јавност пресмета дека ова право ќе го исполнат меѓу 20.000 и 22.000 лица, а државата годишно би трошела околу 26 милиони евра за оваа намена.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија