Добивај вести на Viber
До крајот на 2014 година ќе има повеќе мобилни телефони отколку што има луѓе во светот. Ова го покажа новиот извештај на Обединетите нации, а како што што пренесуба ББС, Меѓународната унија на телеком прогнозираше дека до година ќе ја стинеме бројката од седум милијарди претплати за мобилните телефони.
Сега бројката на претплати за мобилните е 6,8 милијарди, а на Земјата се проценува дека живеат 7,1 милијарда луѓе.
Заедницата на Независни Држави, сојуз на земји кои некогаш ја сочинуваа СССР, има најголем број на мобилни телефони со 1,7 претплати по лице, а Африка има најмалку со 63 претплати на 100 жители.
Извештајот покажува и дека повеќе од една третина на населението во светот го користи интернетот, а 7 милијарди луѓе, околу 40 проценти на светската популација, се поврзани преку интернетот.
Европа има најголем број на онлајн конекции -75 проценти, Америка -61%, Азија -32 %и Африка-16%.