17 Јануари, 2025
0.0288

Повеќе патници на македонските аеродроми

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

На македонските аеродроми минатиот месец се регистрирани за 27 проценти повеќе патници во споредба со истиот месец лани, објави концесионерот на аеродоромите ТАВ Македонија. Преку скопскиот аеродром „Александар Велики“ патувале 87.992 патници, а од охридскиот „Св. Апостол Павле“ 8.337, односно вкупно 96.329 патници.

Во текот на првите пет месеци од годинава во споредба со претходната, има зголемување на бројот на патници од 16,4 проценти со вкупно 365.358 превезени патници.

Според ТАВ,  зголемен е и бројот на летови. Од јануари до мај годинава биле реализирани 4.564 операции на воздухоплови што е зголемување од 6,9 проценти во споредба со истиот период од 2012. Во мај годинава во споредба со мај лани е забалежано значително зголемување од 19,8 проценти.

Зголемувањето, објаснуваат од ТАВ, се должи на воведувањето нови линии на нискотарифниот авипревозник „Визер“,  зголемувањето на фреквенциите на некои од постоечките авиокомпании, но и одржувањето на изборите во Македонија.

Најпопуларна дестинација од скопскиот аеродром во мај, но и во текот на изминатите пет месеци, од јануари до мај, била Истанбул, по која следат Виена, Цирих, Лондон и Љубљана. Најмногу патници патувале со нискотарифниот авиопревозник „Визер“, па со „Туркиш ерлајнс“, „Аустриан ерлајнс“, „Адриа ервејс“ и „Пегасус ерлајнс“

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ПОКАЖА ДЕЛ ОД ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА: Еве како таа изгледа

МИЦКОСКИ ПОКАЖА ДЕЛ ОД ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА: Еве како таа изгледа

НЕМА ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ЕВРОПА: Повеќето економисти имаат „мрачни прогнози“, еве зошто експертите на Светскиот економски форум мислат така

НЕМА ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ЕВРОПА: Повеќето економисти имаат „мрачни прогнози“, еве зошто експертите на Светскиот економски форум мислат така

НОВИНИ И НОВИНИ...Николоски најавува нови авио линии, рекративно вештачко езеро, а за Градско - Дреново рече дека состојбата била очајна

НОВИНИ И НОВИНИ...Николоски најавува нови авио линии, рекративно вештачко езеро, а за Градско - Дреново рече дека состојбата била очајна

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“