04 Мај, 2024
0.0257

ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Со кои пари ќе се финансираат владините ветувања?

Објавено во: Економија 01 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Пресметките почнаа, повеќе од 10 100 полицјаци и овластени лица, вработени во Минситерството за внатрешни работи, во мај ќе добијат повиска плата. Веста за зголемување на платите во едно од најгломазните министерства во Владата, чиј челник, според опозициската СДСМ е дел од случаите за кои се зборува во прислушуваните снимки, ја соопшти лично премиерот Никола Груевски. Според дел од аналитичарите, оваа вест отвора и политичка и економска дилема. Прво, со кои пари ќе се финасираат овие “екстра“ трошења и второ, зошто оваа најава доѓа во ек на политичка криза. Политички или економски потег .... Министерството за внатрешни работи е едно од оние кои имаат, односно располагаат со најголем буџет. За годинава МВР е планирано да потроши 156,1 милион евра. Најголем дел од парите, или повеќе од две третини ќе завршат за плати на варботените, чии број кои според податоците од Буџетот за 2015 та изнесува 10 925 лица. Министерката за внатрешни работи заедно со сидикалниот лидер на полицијата, на иста маса, заедно го поздравија потегот за зголемување платите. “Со исплатата на априлската плата вработените во МВР ќе добијат плати кои ќе бидат повисоки за 5 проценти во однос на нивната мартовска плата. Тоа значи дека за оваа намена Владата обезбедува дополнителни 250 милиони денари до крајот на годинава, додавајќи оти усогласувањето ќе продолжи и во наредните 2 години“, изјави министерката Јанкуловска. Според најавата на премиерот Никола Груевски, мајско зголемување на платите ќе има за 10 100 вработени, од категоријата униформирани и овластени  лица. Со оглед на тоа што се работи за повиски плати и до 5% и за поголем опфат на буџетари, што ќе значи и поголеми расходи на МВР за исплата на платите, според дел од економиситите оваа најава отвора и политички и економски дилеми. Според универзитетскиот професор и еден од поранешните министри за финансии, Никола Поповски, за да го релизира ова ветување, Владата неминовно ќе посегне кон продблабочување на буџетскиот дефицит, односно по нови кредит. Професорот Поповски смета дека е неостварливо сценариото во кое Владата би посегнала по кратење на други трошоци за да обезбеди пари за ова зголемување на платите. “Се работи за политички намери кои немаат економска позадина. Македонија во последните две години се движи во зона на многу ниска инфлација, па дури и дефлација. Од друга страна состојбата на јавните финансии е катастрофална и тие се потпираат на огромни дефицити и задолжувања и овој тренд само ќе продолжи бидејќи Владата нема да скрати од раходите, нема да ги зголеми даноците туку едноставно ќе го зголеми кредитирањето што ќе го враќаат идните генерации„, смета професорот Поповски. Според анализата на буџетските раходи за плати во МВР, годинава се планирани 97,5 милиони евра и во однос на лани, кога оваа ставка изнесувала 95,6 милиони евра, сега е зголемена за скоро 2 милиони евра. Според најавите од Владата, платите на полицајците до 2017 та година во просек ќе се зголемат за по 3 000 денари. “Во периодот од април 2015 до  декември 2017 ќе се зголемат платите на униформираните и овластените вработените во МВР со што до декември 2017 тие ќе се изедначат со платите на истите во царината. Вкупното зголемување на платите за периодот април 2015 до декември 2017 ќе изнесува од 15 до 20 проценти односно по околу 3.000 денари по работник месечно“, изјави премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Груевски на собирот во Штип. . Првичната пресметка покажува дека во декември 2017 та година, буџетот за плати на полицајците ќе се зголеми за половина милион евра месечно, или на годишно ниво ќе бидат потребни 6 милиони евра. “Ќе вработуваат народ, со пари на народот“, напиша во својата колумна универзитетскиот професор Крсте Шајноски, според кого Владата посегнува по мерки и потези кои само содаваат илузија. “Им гори под нозете. За тоа  повеќе од јасно потврдува фактот, што сега не само што пејат по трибини, туку пари делат „шаком и капом“. Штетите на земјоделците од поплавите ќе ги покриеле не 50, не 70, 100%. И платите на полицајците ќе ги покачеле.  Студентите мислам,  не ајпади,  што и да им побараат ќе им дадат. Се расфрлаат со пари , а велат и ќе го зголемеле вработувањето. Ќе вработувале народ, со пари од народот“, пишува професорот Шајноски. Поранешниот министер за финансии Поповски вели дека покрај економската дилема, зголемувањето на платите има и политичка порака, односно заднина. “За катастрофалната состојба со македонските јавни финансии, па и со економската состојба ове е доплнителен катастрофален потег кој е инспириран исклучиво од политички причини и намери затоа што владата, според мене се наоѓа во една многу тешка ситуација во која поблиску е до давање на оставка или заминување отколку до опстојување и премерот ќе се сака да ги зајакне сите репресивни органи, како полицијата, обвинителството, судовите и треба да очекуваме вакви потези“, смета професорот Поповски. Според буџетските контури за годинава,  за финасирање на платите и придонесите на буџетарите се планирани скоро 400 милиони евра, или речиси 14 милиони евра повеќе од лани. Последното зголемување на платите на админситарцијата се спроведе во ноември 2014 та година, кога платите се зголемија за 5%. Зголемувањето на платите во администрацијата беше нотирано и во дел од оценките на ММФ за Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?