17 Јануари, 2025
0.0292

Повисоките цени ги зголемија приходите на патарините за 35%

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Износот на прибраните средства од наплата на патарини е зголемен за 35% од 11 овој месец, кога се зголеми цената на патарините затоа што престанаа да важат антикризните мерки, се пофали директорот на Јавното претрпијатие  за државни патишта Љупчо Георгиевски. „Ако средствата се зголемени за 35 проценти, а враќањето на цените од пред 2008 години беше некаде од 27 до 32 проценти, имаме  зголемување на сообраќајот колку разликата, од 5,9 проценти. Кај регистрацијата имаме зголемување од над 40 проценти, што значи дека доста од граѓаните во овој период ги регистрираат  возилата“, вели Георгиевски. Тој денеска ја презентираше мобилната апликација за следење на состојбата на патарините и граничните премини, што за Јавното претпријатие за државни патишта ја изработи дипломираниот економист од Тетово Даниел Радевски и која се очекува особено во текот на летните месеци да им биде корисна на граѓаните кои се подготвуваат да патуваат. Во екот на туристичката сезона, уште еднаш како „тесни грла“ се потврдуваат наплатните станици Романовце кај Куманово и Градско после Велес. „Според информациите од соседните држави ако  во Србија, Хрватска... се чека по час или два на одредени патни правци кон туристичките дестинации, кај нас тоа е од пет и во најлош случај до 20 минути“, вели Георгиевски, потсетувајќи дека патарините се проектирани пред многу години кога е граден автопатот и  според тогашната проценка за бројот на возила. Веќе се прават планови за зголемување на капацитетот на наплатната рампа кај Романовце. „Оваа патарина треба да биде поместена 300 метри кон Куманово, а сегашните четири премини да се зголемат на девет. Истото треба да се случи и кај Градско, а секако  предмет на реконструкција ќе бидат и сите останатите патарини“, појаснува Георгиевски. Во модернизацијата на патарините ќе бидат инвестирани 15 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби