ПОВТОРНО ХАОС ВО КЕЛН: Полицијата спречи секусални напади од мигранти
Објавено во: Свет 02 Јануари, 2017
Полицијата во германскиот град Келн спречила напади за Нова година слични на оние од лани, кога мигранти напаѓаа жени и ги ограбуваа.
Повеќе од 1.000 луѓе пријавиле напади, навреди, грабежи од мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка во 2016 година во Келн за време на нападот.
На централните места повторно се собирале мигранти, информираа од полицијата.
Некои од нив се однесувале агресивно, а полицијата ги спречила да извршат кривични дела.
На улиците имало 1.700 полицајци, а 92 лица се приведени. Имало и 10 сексуални напади.
Прославата се одржа под засилени безбедносни мерки.