Повторно ќе се протестира пред Влада против загадениот воздух

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2018
Група на граѓани се организираат преку социјалните мрежи за мобилизација на нов протест против загадениот воздух кој утре треба да се одржи пред Владата на Република Македонија во 13 часот.
„Британската влада во 2000 ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, стои во објавата за настанот на Фејсбук.
Протест поради аерозагадувањето на сличен начин беше најавен и пред две седмици, пред Град Скопје, но тој беше одложен до, како што рекоа иницијаторите, некои други црни денови.
Можеби ќе ве интересира
СЈО со три нови возила, „Автонова“ го доби тендерот

Рочиштето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Могерини се обрати во Собранието: Ја надминавте кризата, се вративте на вистинскиот пат

МВР поднесе кривични за тепањето на девојче во неготинското школо

Македонија дупло дно, ВМРО-ДПМНЕ разочарани критикуваат

Седумгодишно девојче удрено со автомобил во Скопје

Драгана Милчевска за праксата во Италија: Го научив јазикот, сега тоа ми вреди злато
