07 Мај, 2024
0.0471

Повторно одложена седницата за ревизорот, ќе има ли кој да го контролира работењето на државата?

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Илија Димовски, претседателот на собраниската Комисија за именувања, повторно ја одложи седницата за избор на нов државен ревизор, овој пат на барање на пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој побара одложување затоа што, како што наведе тој,  8-те назависни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаат барање за нова распределба на силите во собраниските комисии. 

Димовски го одобри барањето со образложение дека остава простор за договор. Според ова, се уште не е постигнат договор помеѓу СДСМ и ДУИ за прв ревизор, но исто така на изборот своето влијание го наметнуваат и други политички групи.

Македонија речиси две години нема директор на Заводот за ревизија, мошне важно тело кое ги испитува неправилностите во работењето на државните управни органи, Собранието, болниците, партиите итн.

На заменик директорот мандатот му истекува на 4 октомври и ако до тогаш не се избере прв човек институцијата од наредниот петок ќе биде во целосна блокада без можност да им се исплатат плати на вработените и да изготвува ревизорски извештаи 

Клучното прашање што се поставува е дали ќе се избере компетентен прв човек, или, пак, партиите ќе притискаат за свои решенија, сакајќи да воспостават влијание во оваа значајна институција. 

И минатата седница пред неколку дена беше одложена и презакажана, а изговор, исто како и денеска, беше барањето за правилна прераспределба на независната група на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција