Пожари беснеат во Шпанија и Португалија, има и жртви
Објавено во: Свет 16 Октомври, 2017
Пожари беснеат во две земји од Западна Европа.
Најмалку 30 луѓе загинаа во шумските пожари што ги зафатија Португалија и Шпанија.
Во Португалија е прогласена состојба на општа катастрофа, додека бројот на жртви достигна 27. Повеќе од 50 луѓе се повредени. Тројца загинати има и во северните делови на Шпанија, каде се прошири огнената стихија. Во Португалија 3 700 пожарникари се обидуваат да ги изгаснат 26 – те големи шумски пожари во централните и северните делови на земјата. Најголем непријател на пожарникарите се силните ветришта што ги разгоруваат пожарите, а ги носи ураганот ,,Офелија“.