ПОЖАРИТЕ НЕ СТИВНУВААТ - ГОРИ НА 13 ЛОКАЦИИ: формиран кризен штаб, испратени екипи на терен, еве ја состојбата
Објавено во: Македонија 18 Јули, 2024 09:23
Тринаесет пожари утрово се уште горат низ Македонија. Во текот на изминатото деноноќие биле активни 24 пожари, од кои дел се изганати, но и понатаму има активни пожари.
Како што инфомираат од Центарот за управување со кризи, пожар има во оптшина Неготино, во близина на селото Калањево каде гори стблеста шума и грмушки. Пожар има меѓу селата Негорци и Кованец во општина Гевгелија, потоа во Радовиш кај село Штурово и општина Чашка кај селата Јаболчишта и Дреново врв Лисец, како и село Габровник пожар кој се префрлил од село Слепче.
Пожари има и во општина Росоман, село Сирково и селов Подлест, потоа Студеничани, Зелениково, Штип меѓу селата Драгоево и Селце, во општина Ново Село, Конче и општина Делчево.
Активни се пожарите во неготинско Калањево и росоманско Сирково, потврдија од Центарот за управување со кризи. Кај Калањево горат ниско стеблеста шума и грмушки, а, како што информира градоначалникот на Росоман, Стојан Николов, од вчерашната локација кај Сирково, огнот се префрлил во близина на селото Мрзен.
Пожарот во неготинско почна минатата среда околу 10.30 часот, а кај Сирково вчера околу пладне. И на двете места, гаснењето вклучуваше гаснење од земја и од воздух.
Во меѓувреме формиран е регионален кризен штаб за пожарите во државата со седиште во Кавадарци. Со кризниот штаб ќе координира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Ова е одлуката што синоќа била донесена на координативен состанок за пожарите, одржан во Неготино.
За седницата информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, преку својот фејсбук профил. Како што наведува, учествувале министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, командирите на ТППЕ и колегите градоначалници од општините кои се зафатени со критичните пожари.
- По насока на Владата и премиерот Христијан Мицкоски ги поставивме контурите на нашето делување и уште од вечерва почнуваме со акција. На терен ќе бидеме ние, припадниците на АРМ, МВР, воздухоплови испратени од нашите пријателски земји и нашите капацитети, како и пожарникарите на кои морам да им искажам длабока почит за нивната пожртвуваност и борба која ја даваат во справувањето со огнените јазици - напиша Ѓорѓиевски.
Од ЦУК информираат дека уште од раните утрински часови се интервенира на терен, веќе се испратени восдухопловните летала како поддршка на протипожарните екипи кои се на терен.Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




