30 Април, 2024
0.0272

Позитивни резултати: Стопанска банка а.д. Битола со добивка минатата година

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Нето добивка во износ од 81,45 милиони денари што е значително подобрување во однос на минатогодишниот резултат. Од банката соопштија дека во текот на 2020 година Стопанска банка а.д. Битола континуирано го прилагодувала своето работење на новонастанатата ситуација со пандемијата од вирусот ковид-19 која силно влијаеше на целокупниот домашен и глобален економски амбиент. 

„Задржувајќи го фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, Банката делуваше во насока пред се на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и домаќинствата притоа максимално залагајќи се за безбедност на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места, стои во образложението на финасискиот резултат. 

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2020 - 31.12.2020 година изнесуваат 291,02 милиони денари. Во услови на надолен тренд на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор, повеќекратно намалување на основната каматна стапка на НБРСМ, како и сите останати мерки кои се преземааа во врска со настанатата ситуација со вирусот ковид-19, приходите од камати се пониски за 8,84% споредено со минатата година и покрај растот на кредитната активност. Со цел да се неутрализира негативниот ефект од новонастанатата ситуација предизвикана од ковид кризата во извештајниот период фокусот беше ставен на контрола на расходите по камати, кои заблежаа подинамично намалување од 24,89% така што се избалансира негативниот ефект, при што нето-приходите од камати се намалија за само 0,25%. Реализацијата на планот за нето-приходи од камати изнесува 87,67%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 21,67% споредено со претходната година. Притоа приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 17,90% споредено со остварувањето за периодот 1.1.2019 – 31.12.2019 година одразувајќи го растот на провизиите главно во делот на платен промет во земјата и странство, како и приходите од провизии од картично работење, додека расходите за провизии и надоместоци растеа со побавно темпо и бележат зголемување од 9,85%. Остварените нето-приходи од провизии и надоместоци се повисоки од планираните за 11,72%.

Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 20,95 милиони денари и бележат намалување од 3,34% на годишна основа, а реализацијата на планот изнесува 95,22%. Останатите приходи од дејноста се пониски за 33,53% што се должи на помалку остварени капитални добивки од продажба на преземен имот како и пониски приходи по основ на дивиденди.

Исправката на вредноста на финансиските средства, е позитивна со износ од 23,00 милиони денари, што се должи на поголем износ на ослободена исправка на вредност од наплатени нефункционални побарувања споредено со издвоената исправка на вредност според проценките за квалитетот на кредитните изложености. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа е негативна и изнесува 4,99 милиони денари.

Трошоците за вработените бележат намалување од 4,85% споредено со претходната година што главно се должи на раст на продуктивноста и оптимизација на трошоците, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 91,91%. Останатите расходи од дејноста се повисоки за 7,18%, што главно е резултат на повисоки трошоци за производни и непроизводни услуги, повисоки  материјални и слични трошоци за набавка на заштитни маски, опрема, како и повисоки трошоци за хигиена и дезинфекција заради преземање на сите неопходни мерки за заштита на вработените и клиентите во согласност со насоките и препораките од надлежните органи за спречување на ширењето на вирусот ковид-19. Планот во оваа позиција е реализиран со 93,87%.

Амортизација  бележи зголемување од 13,68% на годишна основа одразувајќи ги промените во недвижностите и опремата. Реализацијата на планот во оваа позиција изнесува 88,15%.

Во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2019 година на Стопанска банка а.д. Битола, усвоена на седницата на Собрание на акционери одржана на 27.5.2020 година, Банката не исплати дивиденда за 2019 година. Недвижностите и опремата бележат намалување од 3,96% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2019 година, како резултат на пресметана амортизација и продажба на градежни објектиза кои Банката оцени дека нема да и бидат во функција за извршување на дејноста. Обврските по кредити се намалени за 42,91% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2019 година, што произлегува од поголемата динамика на враќање средства по основа на кредитни линии, отколку на користењето средства по оваа основа.

Во коментарот стои дека во периодот што следува, се очекуваат првите знаци на економско закрепнување. 

„Стопанска Банка а.д. Битола и понатаму будно ќе ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и ќе го приспособува своето работење на деловната клима и динамикa на пазарот, притоа водејќи прудентна политика првенствено насочена кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.

Интензивно ќе се работи на развој и понуда на производи приспособени на потребите на клиентите - правни и физички лица што беа најпогодени од ковид-19 кризата. Како една од најзначајните стратешки определби на Банката останува континуираниот развој и усовршување на информативната технологија и примена на нови Business Intelligence решенија, дигитализација на продуктите и сервисите на Банката преку развој на дигитални платформи за привлекување и комуникација со клиентите што е во согласност со стратешките цели на Банката. На таков начин планираме да го таргетираме сегментот од населени кои поинтензивно ги користи услугите на дигиталното банкарство преку мобилните и останатите електронски уреди, особено во услови на работење кога е неопходно сведување на минимум физичкото присуство на клиентите во банките. Активно ќе се следи постоечкото портфолио на кредити со цел да се преземат навремени мерки при детектирани тешкотии во отплатата, а заради одржување на квалитетот на кредитното портфолио. Во сила остануваат поставените стратешки и деловни цели на Банката, се заклучува во коментарот кон објавените финансиски резултати.


Можеби ќе ве интересира

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година