Познат Скопјанецот кој ќе биде газда на 1ТВ

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019
Извесен Богдан Дамјановски е новиот сопственик на 1ТВ, пренесуваат дел од медиумите.
Како што се наведува, се работи за 77 годишен Скопјанец, кој живее во скопската населба Кисела вода .
Тој во Управата за јавни приходи (УЈП) фигурира како нов сопственик на телевизијата телевизијата на Бојан Јовановски.
Сепак во Централниот регистар се уште не е направена официјална промена за сопствеништвото на фирмата која е соптвеник на телевизијата.
Ова го потврди УЈП, а истото се случило кога се чешлала документацијата на телевизијата во сметководственото биро. Од таму не сакаат да го откријат идентитетот, освен дека се работи за физичко лице, а не за правен сублект.
Управата за јавни приходи соопшти и дека ќе поднесе кривични пријави против Бојан Јовановски - Боки 13, како претседател на Меѓународниот сојуз, против татко му Миле Јовановски, кој е управител на БМЈ, фирмата основач на 1ТВ, Јасна Мандиќ која е управител на 1ТВ и управителот на Томато продукција. Тие затаиле данок од над 20 милиони денари.
Можеби ќе ве интересира
Бурна ноќ во Маврово: По серијата земјотреси, утрово еден посилен

НИКОЈ НЕ МИСЛИ НА БЕРОВЧАНИ: Скоро година дена се без превоз

ЕПИДЕМИОЛОГОТ СТОЈАНОВ ЗА ФАКТОР: Сега е моментот да се донесе која било вакцина, да не се губи време во бирократија

Израелци скенирале и констатирале дека некој трет незаконски прислушува

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија ќе набавува кинески вакцини, денес нови 444 заразени со коронавирусот

Вакцинацијата во државата ќе се спроведува во три фази

Има 21 починат и 444 нови заразени со коронавирусот

Милошоски бара оној кој извршил родово насилство врз жена да не може да биде пратеник, градоначалник, министер
