05 Мај, 2024
0.0276

Познат вкупниот обрт на македонската економија во 2017-та

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Изминатата 2017 година македонската економија направила вкупен обрт од 19,4 милијарди евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според овие податоци, сите 55.203 деловни субјекти минатата година направиле вкупни приходи од 19,4 милијарди евра, што е за 6,4 % поголем обрт од претходната 2016 година.

Од овие 19,4 милијарди дури 52% ги прават најголемите 200 компании во земјава. Сите останати 55 илјади фирми имаат вкупен обрт од 9,2 милијарди евра.
Големите фирми со над 250 вработени лани имале вкупен обрт од 6,6 милијарди евра, а малите фирми со 10 вработени имале обрт од 4,3 милијарди евра.

Ако се гледа по индустрии најголема е трговијата на големо и мало која лани имала обрт од 8 милијарди евра, што е 41,6% од вкупниот обрт на целата економија. Во трговијата на големо и мало работат 22.240 фирми со 99 илјади вработени.

Следи преработувачката индустрија со обрт од 5,2 милијарди евра, или 26,9% од обртот на целата економија. Во оваа индустрија работат близу 7.376 фирми со вкупно 119.323 вработени. Трета најголема индустрија е градежништвото кое лани имало обрт од 1,4 милијарди евра или 7,2% од вкупниот обрт кој лани го направиле сите деловни субјекти во земјава. Во градежништвото работат 4.470 фирми со 32.204 вработени.

Вкупната додадена вредност кој ја создала македонската економија минатата година изнесува 4,2 милијарди евраи најголем дел или 26,6% е создадена во преработувачката индустрија, 23,5% е учеството на трговијата на големо и мало, а 10,3% е учеството на градежната индустрија.


Можеби ќе ве интересира

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите