19 Мај, 2024
0.0279

Позната сумата која за бесплатното болничкото лекување ќе ја издвои државата

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Буџетот за бесплатното болничко лекување кое, како што најави премиерот Зоран Заев, ќе стартува од 1 јануари 2019 година, ќе изнесува околу 7,6 милиони евра.

- Според досегашните проценки буџетот ќе изнесува околу 7,6 милиони евра. Тоа е партиципацијата која граѓаните ја плаќаат за болничко лекување, односно за останување во болница. Тие пари ќе ги покрие државниот буџет и граѓаните нема да плаќаат за болничко лекување, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Прилеп.

Пролетта, како што рече, донесена е одлука за бесплатно болничко лекување за децата на примателите на социјална помош и за нив, а  се надевам дека од 1 јануари следната година тоа ќе важи за сите

Укинувањето на партиципацијата за болничко лекување е реално да се воведе, тоа беше најавено во изборната програма на СДСМ, пресметано е колку ќе чини и за тоа не се потребни големи пари, вели доктор Никола Пановски за РСЕ од Медицинскиот факултет, додавајќи дека сепак оваа мерка не важи за сите здравствени услуги. 

Пановски вели дека мерката за партиципација не важи за сите услуги, односно дека и понатаму ќе се палаќа партиципација во аптеки за лекови, но и примарна и секундарна партиципација, како лабораториски испитувања.


„Ова важи само кога пациентот лежи во болница, а не кога оди на испитување. Кога ќе го хоспитализираат пациентот во болница, така стоеше во изборната програма, нема да плати партиципација, која инаку според законот максимум може да изнесува околу шест илјади денари, односно 65 отсто од минималната плата“, вели Пановски.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“