18 Мај, 2024
0.0301

Познати личности кои ја лажираа сопствената смрт

Објавено во: Свет, Стил 27 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Низ историјата лажирањето на сопствената смрт се случувало, особено кај познатите личности. Еве неколку од нив: Фридрих Гулда

Иако беше еден од најпочитуваните пијанисти на 20 век, Гулда во еден момент почувствувал потреба да “умре“ за да провери колку е популарен. На весниците им пратил соопштение за својата смрт, најавувајќи посебен концерт во чест на големиот пијанист. Многумина присуствувале на случувањето, па биле прилично изненадени кога Гулда лично излегол на сцената да настапи.

Кен Киси

Авторот на “Лет над кукавичјото гнездо“ ја лажирал својата смрт за да побегне од затвор поради поседување на марихуана. Заедно со своите пријатели организирал бегство во Мексико, а неговиот автомобил заедно со проштално писмо го турнале од карпа. Се вратил после осум месеци, па повторно бил уапсен, по што пет месеци поминал во затвор.

Тимоти Декстер

Американскиот “чудак“ од Масачусетс станал познат благодарение на својата книга без ни една точка во речениците. Сепак, најчудната работа била лажирањето на својата смрт за да ги види реакциите на луѓето. е.

Дејвид Фридленд

Американскиот политичар обвинет за рекетирање, спас побарал во лажирањето на смртта. Облекол нуркачко одело и влегол во океанот на Бахамите. Никогаш не излегол, по што е заклучено дека смртно настрадал. После тоа, инспекторите следеле сомнително лице во Кенија, Париз, Сингапур, за на крај да го уапсат Дејвид на Малдивите.

Филип Сесарего

Автор на книгата “Jihad! The Secret War in Afghanistan“, која стана бестселер. Инаку британски војник кој ја лажирал својата смрт во експлозија на автомобил во Хрватска. После тоа го променил името и започнал да живее сосема нов живот во Англија. Пронајден е задушен во својата гаража.

Џон Стоунхаус

Уште еден британец, политичар, кој одлучил да ја лажира сопствената смрт поради лоши финансиски одлуки. Својата облека ја фрлил во река и така е претпоставено дека се удавил. Пронајден е во Австралија неколку месеци подоцна,  благодарение на банката која забележала дека парите се движат помеѓу него и непознат човек, неговиот нов идентитет.

Џон Дарвин

Дарвин и споругата Ана завршиле во големи долгови, а тогаш Џон одлучил да ја лажира сопствената смрт за Ана да ги добие парите од осигурувањето. Планот бил успешен во 2002 година, а во 2007 година бил фатен благодарение на законот во неговата нова татковина Панама, кој наложува дека матичната земја мора да го докаже неговиот идентитет. На Џон не му преостанало ништо друго освен да се предаде на лондонската полиција. Се обидел да се објасни дека има амнезија, ама не му успеало.

(Извор: Mojo.mk)

Можеби ќе ве интересира

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?