26 Април, 2024
0.0288

Познати сите продавачи: Емисии на нови акции од 45 милиони евра во 2018

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Халк Банка е акционерското друштво кое во 2018-та издаде понуда со највисока сума за нови хартии од вредност на пазарот. Станува збор за нова емисија на акции во вредност од 25 милиони евра лани, според годишната евиденција на Централниот депозитар. Вкупно минатата година биле евидентирани осум вакви тргувања со нови акции од страна на друштвата и раздвижување во однос на претходните години.

Се работи за тргување со две емисии, од кои едната во јуни од 61.500 акции во вредност од 10 милиони евра и другата во август од 93.312 акции во вредност од 15,5 милиони евра. Халк Банка со својата 13-та и 14-та емисија во 2018 година не е единствената банка во извештајот на депозитарот на хартии од вредност. Втората е Охридска банка со околу 77 илјади новозидадени акции лани во февруари за 430,5 милиони денари, односно нешто повеќе од 7 милиони евра.

Сите емисии се по пат на приватна понуда, додека единствената јавна е на Фруктал Мак кој кон крајот на минатата година понуди дури 783 илјади акции за сума од 4 милиони евра. Минатата година приватна понуда преку втора емисија издаде и Нормак Инвестмент Груп, норвешкиот конзорциум кој е концесионерот кој стопанисува со технолошко индустриската развојна зона Тетово, со понуда од 2,2 милиони евра.

На ваков начин учествувале и јавните Македонски енергетски ресурси, кој ги гради магистралните гасоводи, и Македонско кредитно биро кое управува со податоците за задолженоста на физичките и правните лица. Првите учествувале на два пати од кои еднаш со еден милион и втор пат со 5,85 милиони евра, додека другите само со скромни 100 илјади евра.

Активноста е далеку пораздвижена во 2018 за разлика од годините претходно. Во 2017 понуда на акции и тоа приватна имаше само Прокредит Банка во вредност од 3 милиони евра и Македонски навигации од нешто повеќе од 600 илјади евра. Во 2016 единствените компании беа Халк Банка и Албсиг, а во 2015 пак не беше забележана никаква покрупна понуда. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9