ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените
Објавено во: Економија 29 Март, 2024
Познатиот британски готвач и ТВ ѕвезда Џејми Оливер на Инстаграм се пофали дека го отворил ресторанот „Jamie's Italian“ во Белград.
„Белград, отворени сме“, напиша Оливер на својот Инстаграм со фотографија од персоналот пред новоотворениот ресторан на шеталиштето на Сава, во Белград на вода.
„Големи честитки до целиот мој тим во @jamiesitalianserbia кој штотуку го отвори мојот прв ресторан во Србија. Локацијата е прекрасна, во срцето на Белград на вода, на брегот на реката Сава“, вели Оливер со фотографија од чинија со специјалитетите на новата гастрономска дестинација во Белград.
Цените на пиците се движат од 7 и пол до 13 евра, пишува N1.
Најевтино главно јадење се равиоли со тартуфи (8,30 евра), а најскап е бифтекот со путер од тартуфи, благородни печурки и кианти сос (23 евра).
На официјалната страна на белградскиот ресторан Џејми Оливер е достапно мени со бројни специјалитети од италијанската кујна по рецепт на познатиот британски готвач.
Како што е наведено на официјалната веб-страница, ресторанот е отворен секој ден од 11 часот до полноќ.