19 Јули, 2019
0.0196

Познато колку пари си наплатиле скопјани лани по каснувања од кучиња скитници

Објавено во: Финансии 03 Април, 2019

„Комунална хигиена“ исплатило повеќе од седум милиони денари во 2018 како трошоци за каснување од кучиња скитници лани над граѓаните на главниот град, се вели во извештајот на скопското јавно претпријатие што го објави за своето работење во текот на изминатата година.

3,54 милиони денари се исплатени по основ на спорови по пресуди за надомест на штета од каснување на куче и 3,4 милиони денари се главен долг.

Во најголемиот дел пресуди половина од штетата ја исплаќа Град Скопје, додека втората половина ја исплаќа ЈП Комунална Хигиена, па се верува дека сумата што си ја наплатиле скопјани како обештетување е двојно поголема.

Висината на оштетните надоместоци, утврдена низ судска постапка, се движи меѓу 60.000 и 180.000 денари, во зависност од возраста, степенот на повредите, последиците од нанесените повреди на оштетените.

Бројот на заловени скитници на стационарот на јавното претпријатие во 2018  изнесува.1.274, и помал е во однос на 2017-та кога изнесувал 1.444 бездомни животни 

Во извештајот на „Комунална хигиена“ се вели дека во материјаната вредност на претпријатието се враќа и еден од малкуте камиони што им беше украден лани во ноември додека беше сервисиран.

Инаку, се работи за помал камион што се користи во собирањето на ѓубрето по населбите, марка „рено“. Директорот Абдусамед Шабани потврди дека камионот е пронајден и е на вештачење во МВР.

- Камионот е пронајден, иако му недостасуваат некои делови. Наскоро ќе биде пуштен во функција. Добро е тоа што полицијата го пронајде, бидејќи и онака имавме мал број на вакви машини - ни рече Шабани.

Комунална хигиена за физички и правни лица во 2018-та фактурирала сметки од 1,07 милијарди денари, а наплатата била безмалку иста .

По пресметаниот данок од добивка во износ од 2.970.224,00 денари претпријатието оствари нето добивка во износ од 22.224.537,00 денари.. 

Расходите од работење 2018 изнесуваат 1.17, но добивката излегува поголема поради субвенционирањето. донациите и побарувањата.

Претпријатието располагало со околу 1.500 работници, од кои поголемиот дел редовно вработени.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Цени од кои „боли“ глава

Цени од кои „боли“ глава

Сезонски работи од кои можете да заработите

Сезонски работи од кои можете да заработите

Ребалансот на буџетот се подготвува, зборот на Заев ќе е последен

Ребалансот на буџетот се подготвува, зборот на Заев ќе е последен

Колку граѓани аплицирале за социјална пензија?

Колку граѓани аплицирале за социјална пензија?

УЈП: Заклучно со 15 јули скенирани се вкупно 2,993,788 фискални сметки

УЈП: Заклучно со 15 јули скенирани се вкупно 2,993,788 фискални сметки

ДУИ бара од Заев да ја стави Бежовска за министер

ДУИ бара од Заев да ја стави Бежовска за министер

Поради Германците во овој српски град скокнаа цените на становите

Поради Германците во овој српски град скокнаа цените на становите

Анѓушев на средба со ММФ: Економијата расте, невработеноста опаѓа

Анѓушев на средба со ММФ: Економијата расте, невработеноста опаѓа

Мали даноци - големи неданочни и парафискални давачки

Мали даноци - големи неданочни и парафискални давачки