05 Мај, 2024
0.0368

Познато колку пеховите ја чинеа македонската железница

Објавено во: Економија 12 Март, 2019

Добивај вести на Viber

МЖ Инфраструктура загуби милиони во последниот квартал од минатата година поради оштетениот армирано-бетонски мост за време на истиот период кај Градско како и откажувањето на меѓународната патничка линија Белград - Скопје - Солун поради неисплатливост, објави во вчерашниот извештај за 2018-та едно од двете главни македонски железнички претпријатија.

Приходите од надомест на користење на македонските пруги и останатата инфраструктура се намалени за речиси една третина споредбено квартално. Ако во послендите три месеци од 2017-та тие биле 122 милиони денари, во истиот период лани тие паднале на 93,8.

- Намалувањето е резултат на намалувањето на возните километри реализирани како во патничкиот, така и во товарниот сообраќај - се вели во извештајот на МЖ Инфраструктура.

Според ова, може да се заклучи дека санирањето на 49-години стариот мост го погодил и прометот на домашните компании кои го користат солунското пристаниште за увоз или извоз на производи како и за снабдување со деривати. Засега нема информации колкава е загубата и на МЖ Транспорт.

Извештајот на „Инфраструктура“, во патничкиот сообраќај покажува дека возните километри во октомври, ноември и декември лани се намалиле за 22,38 отсто во однос на истиот период лани, а во товарниот железнички сообраќај намалени се за 8,25 отсто.

Поради деформација на бетонскиот мост помеѓу Градско и Кукуричани возовите од СКопје не можеа да одат до Гевгелија од 29 септември до 8 ноември, а во меѓувреме Владата издвои сума на пари за итна санација на носечкиот столб и напукнувањето.

Од 19 септемрви лани поради неисплатливост на српската железница, а во согласност на грчката, одреден период укинати се двата воза 334 и 335 на релација Белград - Скопје - Солун и обратно.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото