13 Мај, 2024
0.0267

Пратениците со обвинувања кон гувернерот - Богов тврди дека настапувал независно

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Доколку се стабилизираат политичката состојба и неизвесноста околу евроинтеграциите, во наредните две години може да дојде до значајно раздвижување на економијата во однос на инвестициите и граѓаните ќе можат да го почувствуваат бенефитот од нив, изјави гувернерот Димитар Богов пред членовите на Комисија за финансирање и буџет која денеска го разгледуваше годишниот извештај на работењето на Народна банка.

Пратениците на Богов му забележаа дека Народната банка, можела да даде многу поголем придонес за решавање на одредени кризни ситуации во економијата.

„Поради нејасноста на долгот, беа одвраќани инвеститори. Требаше јасно да кажете колкаво е нивото на задолженост на земјата. Каде беше и вашиот коментар за еврообврзницата? – праша пратеникот на СДСМ, Сашо Поцков.

Богов одговори дека како гувернер, секогаш настапувал независно и транспарентно.

„За дејствувањето изминатите две години, НБРМ прва кажа дека политичката нестабилност ќе има последици за економскиот пораст. Секогаш сме ги кажувале јасно работите, а јас сум можеби единствениот гувернер кој зборувал за фискалната политика“– рече Богов.

За еврообврзницата, тој кажа дека не ја издава гувернерот, туку се издава со владина одлука. 

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет, се разгледуваше и извештајот за работењето на Државниот завод за ревизија минатата година. 

Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра